1903.02.15_The Pacific commercial advertiser – Bulgaria arrests the Macedonian plotters

„… БУГАРИЈА ГИ АПСИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАГОВОРНИЦИ
И Постави Кордон од Војници Покрај Границата на Земјата Која е во Бунт Против Турското Владеење.

Софија, Сеч. 14 – Старешините на Македонскиот револуционерен комитет во Бугарија беа уапсени. Владата постави воен кордон на Македонската граница за да ја прикаже спремноста на Бугарија да ги исполни меѓународните обврски. …“

Според поднасловот бугарската Влада поставила воен кордон на границата СО ЗЕМЈАТА КОЈА Е ВО БУНТ. Што значи Бугарија е една земја, Македонија е друга земја. Истото може да се заклучи и од реченица подолу каде стои дека бугарската Влада ‘постави воен кордон на македонската граница’.
Целата смисла на оваа кратката статија, (какви што има и многу други податоци и сведоштва) е за прогоните на македонските борци за слобода од страна на бугарската држава. Може несомнено да се заклучи дека – низ минатото Бугарија како држава, не само што не ја помогнала, туку напротив скоро редовно ја кочела македонската борба за слобода. Како може тие борци да се Бугари како што Бугарија денес ги прикажува кога редовно ги гони и во секоја прилика кога е во можност им ја униѓтува и растура организацијата.

 

Посочил: Далибор