ХЕРОЈСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА
Една подолга весникарска статија која многу прецизно ја претставила состојбата со македонското ослободително движење.
На почетокот укажува за сличностите на македонското ослободително движење за слобода со претходната успешна бугарска борба за ослободување од турското владеење.
Дава опис на исклучително тешкиот востанички живот. Споменува учество и на жени востаници, посебно споменувајќи Екатерина Арнаудова која била позната како најдобар стрелец на Балканот и за која постоеле многу стории.
Во продолжение потсетува дека на крајот од руско-турската војна (1877-1878), Македонците биле многу блиску до стекнување на својата слобода. Од тогаш тие никогаш не ја прекинале борбата. Во почетокот се појавиле повеќе сопернички организации за од нив да се издвои една која за водач го имала Делчев, потоа Груев, новиот главен на битолскиот штаб Ѓорче Петров и Татарчев како странски претставник. Тие како парола ги зеле зборовите на Гледстоун „Македонија на Македонците“. Се разликувале себе си од Бугарите како и од Македонците кои живееле во Бугарија, а кои основале комитет со седиште во Софија.
После некое време на нивна меѓусебна борба бугарскиот комитет презел второстепена улога да собира пари и да го претставува движењето во Европа. Истовремено Внатрешниот комитет на Македонците ги поврзал сите состојки, ја унапредил организацијата, систематизирал собирање на даноци, за на крај целосно да ја повласти (монополизира) борбата за ослободување на Македонија.
Комитетот во Софија во почетокот многу умерен, согледувајќи ја загубата на своето влијание дал простор на порадикална политика. Така Сарафов го презел водството и организацијата започнала со терористичко делување. Ваквото делување наметнало неможност за софискиот комитет званично да настапува. Бидејќи делувањето на Сарафов било прежестоко, Претседателството преминало во рацето на Генерал Цончев чиишто потези биле усогласени со Принцот Фердинанд.
Генерал Цончев започнал со пропаганда за подигање на востание веднаш. Ова започнало нови горчливи триења не само помеѓу двата комитета, туку и внатре помеѓу самите востаници. Што пак довело до тоа многу познати водачи да бидат фатени од Турците. Генерал Цончев и натаму ја иссилувал состојбата иако исходите покажувале дека организацијата не е во соодветна оспособеност.
Внатрешната организација после некое време на двоумење одлучила да соработува со Цончев, а тој од своја страна го признал раководството на внатрешниот комитет.
Понатаму раскажува за случајна средба во воз со македонски борец кој се изјаснил како ‘Македонски инжењер’. Македонецот му раскажал дека родителите, двајцата браќа и двете сестри сите се убиени од Турците. Дека бил во Бугарија заради потребите на борбата и дека се враќа во Македонија за истата цел иако со тешки рани, за кои немал време да ги лекува.
Може да се заклучи дека овие и другите прецизни познавања изложени во статијата произлегуваат од таму што дописникот (Charles R. Crane) подолго време живеел на Балканот. Така на едно место споменува дека двајца негови соученици, машко и женско, кои подоцна станале маж и жена, и двајцата погинале за ослободувањето на Македонија.
Посочилa: DragonGirl