Уште една книга која дава до знаење за разните промени на значењата на зборовите кои денес претставуваат национална определба: Грк Бугар, Србин… Така, во оваа книга православните Срби во Далмација, Херцег Нови и Котор се наречени Graeci Serviani. Според игра на значење на поимите за западната изразност (терминологија) сите православни се ставени како подграфа на Грци. Затоа и не чуди зошто според грчките устави, сите православни можат да бидат Грци – доволно е само да се изјаснат како такви.
Според таа прогрчка експанзионистички настроена изразност кон сите изрази кои се поврзуваат со Грци: Хелени, Јаванци, Данајци, Хетејци, Китимци, Ахајци, Византијци, Ромеи… треба да се додадат и сите Православни.
Посочил: Милош Дедић