2008.09.05_Hans-Lothar Steppan – Greece never possessed Macedonia in the past

2008.09.05_Hans-Lothar Steppan - Greece never possessed Macedonia in the past

„… Грција ја краде македонската историја. Македонија пред Балканските војни (1912-1913) никогаш не била грчка земја …“. Видео изјава во која поранешниот герамански амбасадор во Македонија Ханс-Лотар Штепан зборува дека низ целата историја Грција за прв пат запоседнува делови од Македонија после Балканските војни.

 

Други познати цитати за Македонија искажани од д-р Ханс-Лотар Штепан:

 

 „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија”

• • •

„По прогласувањето на независноста на Република Македонија на 8 гроздобер 1991 година, стана воочливо дека, за разлика од Словенија и Хрватска, соседите на Македонија не ја поздравија македонската независност како нов, конечно слободен и независен член

во семејството на народите. Напротив, тие протестираа, поставуваа барања и наметнуваа услови. Ги оспоруваа историјата, културата, етносот, јазикот, па дури и уставното име

на Македонците, значи нивниот идентитет во целост“.

• • •

„Грција треба да има одговорност за правда и вистина!„

• • •

„Многу земји, меѓу нив и САД, го признаа вашето уставно име. Тоа покажува дека американските политички аналитичари и научници мора да ги истражиле нивните архиви за македонската историја и дека го извлекле единствениот можен заклучок. Светот, врз база на подоброто познавање на македонската вистина, практично е обврзан да ја поддржи демократска Македонија, интензивно и ефикасно.“

• • •

„Европската солидарност со една измамничка политика (на Грција м.з.) ќе го дискредитира не само измамникот туку и членките на ЕУ, кои се солидарни со него“.

• • •

„Убеден сум дека сите историчари се согласуваат дека ако сакате да ја сфатите денешната политичка ситуација, морате да навлезете во историјата. Оваа историја докажа она што јас го проверив, на пример, дека Грција пред 1912-’13-тата никогаш не ја поседувала македонската територија. Ни во античко, ни во римско време, ниту во словенско време, ни за време на Отоманската империја. Само по прекршувањето на меѓународниот закон во 1912-’13-тата за време на Балканските војни, заедно со Бугарија, Србија и Црна Гора. Тие ги окупирале и ги припоиле Македонија, Тракија и Епир. Во основа, Грција ја украла македонската територија, зашто ова било против меѓународниот закон. Оваа историска врска е целосно независна од правото на Македонија за самоопределување. Сите народи во светот го имаат тоа право, така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша“.

• • •

„Европската унија и НАТО знаат дека Грција е вешта, и дека лаже околу наметнатиот проблем што го создаде околу Македонија. Знаат дека не треба да биде така. Посебно од лулката на Европа, од лулката на демократските принципи. Грција треба да има одговорност за вистина и правда“.

• • •

„Проблемот лежи во минатото и во креирањето на политиките на тогашните сојузи кои се врзувале на просторот на Балканскиот полуостров. Заднината се Балканските војни и односите меѓу Балканската лига и Антантата пред Првата светска војна. Тоа трае до ден-денес, бидејќи соседите на Македонија преку „постојано повторување на фалсификуваните аргументи„ се надеваат дека еден ден тие ќе станат неотповикливи вистини“.

• • •

„Правдата неможе да биде на страната на самоволието. Правдата е на ваша страна, на страната на македонскиот народ“.