Мојата пра-пра-прабаба (на грчки позната како Мариго Милона) и сестрата на мојата пра-прабаба (на грчки Поликсени Зографу) се спомнувани во грчки книги. Се рaзбирa, во нив не се спомнува ништо за нивното македонско етничко потекло.
Мариго е од Куфалово, село во кое се зборувало македонски (денес Куфалија, во солунскиот регион) а Поликсени била од Струмица.
И Мариго и Поликсена, иако македонскиот бил нивен мајчин јазик, се идентификувале како Гркинки. Ја промовирале грчката кауза и биле од страната на Грците. Се разбира, тоа не значело дека тие не го сакале својот мајчин јазик. Согласно семејната традиција, Поликсени со својата внука (мајка на дедо ми) меѓусебе да зборуваат на македонски. Мајката на дедо ми (родена во Струмица а во Грција дојдена после 1913 година) најприродно зборувала македонски со својот син, без никаков срам, јасно и гласно, иако живееле во опкружување во кое се говорело грчки.
Јас имам наследено бројни семејни традиции кои потекуваат од Мариго и Поликсени и чувствувам дека некој ден тие треба да бидат објавени бидејќи грчките книги даваат некомплетна слика за дел од моето семејство, нагласувајќи го нивниот грчки идентитет но не кажувајќи ништо за нивното македонско етничко поткло и мајчиниот јазик.
Михалис Нтинопулос
Посочил: off.net.mk
Извор: Mihаlis Ntinopoulos