Во текот на Прва Светска војна, во еден ден, на Бадник спроти Божик, бугарската војска убила 103 Поречани кои ги фрлиле во еден ископ во месноста Дервишка Нива. Бугарската војска, која го окупирала овој крај по повлекувањето на Србите, организирала казнена единица под водство на полковникот Панов, користејќи посебни мерки за заплашување на населението кое го сметале за просрпско. Тогаш подготвувале и црни списоци на видни и влијателни луѓе. Како што пишува Милан Ристески во книгата „Порече низ историјата“, на списоците се наоѓале сите свештеници, учители, претседатели на општини, началници на комитети, просрпски војводи и нивните четници. Тогаш биле уапсени 205 лица од црниот список. Едни ги однеле во Околиското началство, други во Прилеп, а половината од нив завршиле во ископот на Дервишка Нива.
Во збирката на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се наоѓа списокот на убиените. Ги има од сите места во Порече, но најмногу 22ца се од селото Здуње, 11мина од Лупште, 9мина од Томино Село, по 8мина од Долни Манастирец и Зркле. На убиените подоцна Поречани им подигнале костурница во близина на манастирот.
Подолу е списокот на Македонци од Поречието убиени од Бугарите кои потоа најголемиот дел ги фрлаат во ископот на „Дервишка Нива“.
Посочил: Poljakot od Makedonija
Извор: Милан Ристески – „Порече низ историјата“, с260-262, Скопје, 1982