1941.05.26_Нацистичка телеграма – бугарска нацификација

1941-1944_Бугарскиот фашизам во ВСВ

Бугарските окупаторски власти ставале обележја во чест на Адолф Хитлер и други истакнати фашистички личности и настани.

Во доверливата германска телеграма од 26 косар 1941 година се пренесува дека бугарските власти по окупацијата на Македонија, по повод прославувањето на Св. Кирил и Методиј на некои од улиците во Скопје им дале имиња на германски и италијански водачи. Неколку улици биле именувани како Адолф Хитлер, генералфелдмаршал Лист, генерал Линдеман, генерал Штуме, генерал Хубеки, барон Фон Рихтхофен, десетар Хајнц Рикен, како и улица ‘7 април’ (денот на влегувањето на германската војска и окупирањето на Скопје). Во понатамошниот дел на телеграмата, може да се прочита дека некои од улиците биле именувани и како Виктор Емануел (италијанскиот крал), Бенито Мусолини, гроф Магистрати (италијански пратеник во Софија).

 

Посочил: Весник Илинден