1944_Венко Марковски – ‘Робии’, Слободна Македонија

Кариеристот Венко Марковски пред да ги предаде своите услуги на бугарската држава и противмакедонска пропаганда, за Македонците ќе пишува:

„Села и градови гореа,
пиштеше Македонија
под тројна страшна робија:
Првата беше германска,
втората беше италијанска,
третата камен гореше.
Бугарска беше крвава

Војници изрод Бугари,
по крв и ѕверства бирани
пратени во Македонија,
децата во утробите
мајкини да ги пропиштат,
до вчера клале во Септември,
денес во крв ја бањаат
несреќна Македонија.

„Македонци секогаш сте биле,
Не бугарска крв ви тече во жилите.
Славјани сте со славјански јазик,
со адети свето што се пазат.

Кој ви каже Бугари сте биле,
тој ве мами, знајте, тој ве лаже,
сака в јарем да ви впрегне сили
и на шија да ви стави јаже…“