1903.04.05_The New York Times – Bulgarian repression towards Macedonians

1903.04.05_The New York Times - Bulgarian repression towards Macedonians

Дејства на бугарската Влада против македонските востаници непосредно пред Илинденското Востание.

„… ЗАПЛЕНА НА МАКЕДОНСКОТО ВООРУЖУВАЊЕ

Бугарската Влада Превзема Дејствени Чекори кон Репресија.

ВИЕНА, Тревен 4 – Извештаи овде добиени од Софија зборуваат дека Бугарската Влада презема дејствени мерки против Македонските банди и има запленето голема количина од нивното вооружување кои биле сокриени во Софија. Бугарските жандарми на границата близу Дупница пукале на востаниците кои се обидувале да криумчарат оружје во Турција.
Свежи востанички банди се појавиле во областа на Џумаја (Румелија) и силна единица од Турската коњаница со топништво започнала прогон одејќи кон Кресненскиот Пролаз. …“

 

„… MACEDONIAN ARMS SEIZED. I
I
Bulgarian Government Taking Active
Steps Toward Repression.
VIENNA, April 4,—Advices received here
from Sofia, say the ‘Bulgarian Government
is taking active measures against the Mace-
donian baŋds and has seized a large quan-
tity of their arms which were hidden in
Sofia. Bulgarian gendarmes on the fron-
tier near Dubnltza have fired on insur-
gents who were attempting to smuggle
guns into Turkey.
Fresh insurgent bands have appeared in
the district of Djuma’a, (Roumelia,) and a
strong detachment of Turkish cavalry,
with artillery, has started in pursuit, going
toward the Kresna Pass.

Published: April 5, 1903
Copyright © The New York Times …“

 

Посочил: Ѕале