Македонците се наведени како посебна нација покрај Бугарите, Србите, Хрватите, Пољаците, Шпанците, итн. во весникот „Димитровец” (Dimitrovac) во 1937 година.
Се работи за гласило на меѓународниот батаљон „Димитров”, наречен според подоцнежниот бугарски премиер Ѓорѓи Димитров. Батаљонот се борел во Шпанската граѓанска војна против меѓународниот наци-фашизам, а за воспоставување на слободна и независна Шпанска Република.
Листот, меѓу другото, отпечатил писмо во кое борците го известуваат Димитров за состојбите во батаљонот:
„… Во редовите на нашиот баталјон се борат и го следат Твојот пример во борбата против шпанскиот и меѓународниот фашизам синовите на повеќе од десет нации, меѓу кои Шпанци, Италијанци , Хрвати, Срби, Словенци, Чехословаци, Бугари, Полјаци, Македонци и други.
Зборувајќи на разни јазици и оставајќи ги земјите што нѐ раздвојуваа до нашето доаѓање во Шпанија, ние се разбираме еден со друг и живееме братски. Нас нѐ обединува една и иста идеја и цел: да се уништи фашизмот, да се извојува слободна и независна Шпанија …”.
Посочил: Macedonia : a True Endless Story …