Во весникот „Димитровец” (Dimitrovac) во 1937 г., објавено било писмо, испратено од Велес, Македонија за време на српска окупација. Тоа е напишано на македонски јазик и во него јасно се говори за – Македонци.
Весникот бил гласило на меѓународниот батаљон „Димитров”, именуван по генералниот секретар на Коминтерната и подоцнежен Премиер на Бугарија, Ѓорѓи Димитров. Батаљонот се борел во Шпанската граѓанска војна против шпанскиот и европскиот клеро-фашизам, а за воспоставување независна Шпанска Република.
Писмото гласи:
„Писмо од Македонија
…Другарју, кога ги добихме писмата од тебе, ги прочитахме на другија ден у синдикатот, да те изнесеше господ да видеше каква почас ви давајет сички другари и сите ве признавајат као наши воѓи.
У писмото ни писујеш оти погинал уште еден Македонец по име Блажо и да је роден у Гевгелија. За овова те молам да ни напишеш подробно да го знајеме како се презива и него да го уведеме као Ганча, ќе гледаш у рам као што направихме и за Ганча, оти овија човеци и вија ќе ни служите за пример и треба да ве увег гледаме пред нас.
Драги другарју, ни писујеш оти тамо имало Македонци, од Скопље, Битоља и други места, ќе те молимо да се потрудиш да ни јавиш који се овија, како им је името и презимето, ми сме рад да сите испаднете у нашу библиотеку, да је читају сите по синдикато и да видат какви героји Македонија раѓа. Ово те молам бездруго да ни јавиш, да се потрудиш да им ги научиш имењата.
Друже, добифме и исечакот од една новина, като на којто су сликани храбри наша браќа, које се борат за правда и добро целокупног напредног света. На едната страна пише Србин Стокиќ и Македонец Вангел, те молиме да ни јавиш од који се крајеви овија јунаци и како се презивајат. Друже, ќе те молам ако може на секој начин да гледаш да ни отамо испратиш бар неделно по едно писмо и да ни испрабаш тамошни новини, да и није знајеме новостите ваши које излизат вашите новини…
Сега при завршетку прими другарски поздрави од сички другари.“
Посочил: Macedonia : a True Endless Story …