Македонците во Грција 41 година се во ЕУ.
Немаат основни човекови права.
Македонците во Бугарија 15 години се во ЕУ.
Немаат основни човекови права.
Проблемот не е само во Бугарија и Грција, туку и во фашизоидниот однос на творбата ЕУ кон Македонците.
Секој политичар кој по секоја цена ја води Македонија во ЕУ е најголем душман на Македонскиот народ.
Се додека нема реципроцитет во договорите со Бугарија и Грција, Македонците во ЕУ нема да бидат членови туку робови!
Главен услов за членство на Македонија во ЕУ треба да биде внесувањето на Македонците во бугарскиот и грчкиот устав и признавање на основните човекови права на македонското малцинство во Бугарија и Грција!
Ако нема реципроцитет, бидете сигурни дека и Македонците од Република Македонија ќе бидат избришани во ЕУ!
Се додека не се исполни условот на реципроцитет, НИКОЈ НЕМА ПРАВО да побарува внесување на бугарско малцинство во македонскиот устав!
И секој кој ќе ја доведе Македонија во подредена положба, без реципроцитет во договорите, треба најстрого да одговора пред македонските закони и судови!