Бугарофилот Георги Трајчев, како и многу други застранети, на извесни места во своите дела, неизбежно се самонегираат.
Така во неговата книга тврди дека денешните Македонци зачувале дел од силните квалитети на старите Македонци.
„Македонецот поседува дел од квалитетите на древниот македонски народ, на кои водачи им биле Филип Македонски и неговиот син Александар Велики. Зачуван е старомакедонскиот антрополошки тип во денешниот Македонец, поради кои Филип успеал да ги создаде силните основи на големата македонска држава. А кој не ги знае духовниоте и физичките квалитети на старите Македонци?“
„5. Македонецът притежава част от качествата на древния македонски народ, вождове на който са били Филип Македонски и неговият син Александър Велики. Даже запазен е старомакедонският антропологически тип в днешния македонец, поради който Филип е успел да създаде яките основи на великата македонска държава. А кой не знае духовните и физически качества на старите македонци?“
Ако тоа е така денешните Македонци се поврзани со древните, зошто би се викале Бугари!? Бидејќи македонското име е постаро и поизворно од бугарското.
А ако Македонците и Бугарите се исто, штом денешните се потомци на древните Македонци, тогаш и Бугарите имаат македонско потекло.
Посочил: makedonien.mk
Извор: Портал promacedonia.org