ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (ЕТИМОЛОГИЈАТА) НА ЗБОРОТ КЕРБЕР (грч. Κέρβερος, лат. Cerberus ) – КУЧЕТО ЧУВАР НА ПОДЗЕМНИОТ СВЕТ ВО ДРЕВНАТА МИТОЛОГИЈА
Зборот КЕРБЕР е составен од два дела: Именката КЕР – куче и глаголот БЕР – чува! (КУЧЕ ЧУВАР)
Илирски (хрватски, словенечки, црногорски; српски и тн. едно од имињата за кучиња е КЕР). Во рускиот јазик глаголот БЕРеч во инфинитивен облик значи чува. Во прилепскиот говор позната е изреката БЕРи УМ, да не БЕРиш душа. Како и обично отсуствува „грчката етимологија“ (на грчки именката Куче е σκύλος, а глаголот чува е κρατήστε το!).
Клучни зборови: именката КЕР! и глаголот БЕР!
Слични зборови:
Градот со изворно македонско име БЕР – (променет во ВЕРИЈА во 1926 год.) е градот кој вечно ги БЕРи, чува гробовите на своите кралеви – Македонци! Но иако името на БЕР го променија во ВЕРија во основа задржана е истата суштина иако на несакање. Глаголот БЕРИ со едначење на звучност станува ВЕРИ, како кога некоја невеста се ВЕРИ, а треба да се БЕРИ – ЧУВА само за саканиот! ФЕРониа во Етрурија е божицата ЧУВАрка на слободата на мажите! Некој во поново време дури како да го препишал оттука зборот ПЕРОН, кој како покриен дел кај автобуските и железничките станици ем ги БЕРИ, ем ги ЧУВА патниците!
Општо земено глаголот БЕРи е често присутен во многу кованици кои готово и да не се разликуваат меѓу себе во првиот дел од зборот и неговата улога во прилог на чување односно заштита:
ПЕР-СЕЈ ; ПЕР-ДИКА (чуварот на гордоста, ДИКАТА на Македонците – СОНЦЕТО кое симболично Пердика го зема од кралот на Лебеја Кисеј! ПЕР-ИТА е кучето чувар на Александар Македонски. Кованицата на глаголот БЕРИ, глаголот ПЕРИ во суштина значи и чување на алиштата и .т.н..
Да БЕРиш значи да чуваш односно да бидеш ВЕРен и РЕВносен на тоа што ти е доверено! Оттаму Македонците треба да бидат најРЕВносни кога во прашање е чувањето на својата светлина – МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!
Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески