“МАКЕДОНСКИТЕ ЕПИСКОПИ” УПОРНО САКААТ СО ЃАВОЛОТ ТИКВИ ДА САДАТ

Вероучение - Поука 03

Синодот на МПЦ-ОА не требаше воопшто да бара томос од Вартоломеј, докажан масон, еретик и растурач на сѐ православно. Велат канонски и историски така било. НЕ Е ТОЧНО, никогаш не било така. Секоја Црква самостојно признава друга Црква на сопствена територија. Штом една и отвори врата на една црковна заедница да влезе како рамноправна Црква, таа е влезена и не може другите повторно да одлучуваат. Другите се должни да прифатат, бидејќи сите се рамноправни по своите овластувања.

Бидејќи ако Цариградскиот Патријарх би имал такво овластување само тој мериторно да одлучува која црковна заедница ќе биде самоглавна Црква, тогаш тој би имал едно моќно овластување над сите други. Што од него би изградило православен папа. Се подразбира дека Православната Црква никогаш ниту била, ниту би можела така да биде уредена. Неукиот народ може да се лаже, и да го влечеме за нос како сакаме.

Во Православието меѓу помесните Цркви има поредок по чест. По чест, а не по ширина на овластувања. Сите се со истите овластувања. Никоја помесна Црква нема суштинска надреденост над друга.
Вселенската Цариградска Патријаршија не била од секогаш прва по чест. Историски најпрво тоа била Ерусалимската Црква, потоа Римската Црква, па дури потоа со издигнувањето на Ромејското Царство, таквата улога ја добила Цариградската Патријаршија. Кој одлучувал пред издигнувањето на Константинол!? Каде е таа непроменлива догма дека Цариград мора да биде прв по чест!? Каде е тој канон, покажете го, штом велите Вселенскиот Патријарх бил канонски надлежен и само неговиот томос бил важечки!?

Право да биде прва по чест го добива онаа помесна Црква каде што Православното Христијанство е најсилно. Затоа прво била Ерусалимската, па Римската, па Цариградската Црква. Тоа прашање која Црква е Вселенска и прва по чест не е догматско, туку прагматично (икономија) прашање.
Не може да се даде прва по чест да биде некоја мала Црква, независно какво историското значење некогаш имала.
Таквата слабашна помесна Црква би била порозна на надворешни влијанија и ќе биде лесно пробиена. Со наметнување централизација на моќта тоа на Христовите непријатели би им овозможило да стекнат управувачка власт над целото Православно Христијанство. Колку повеќе се централизира моќта во Православната Црква, односно колку начелото на Соборност во водењето на Црквата би било нарушено, во таа мера непријателите на Православното Христијанство би имале посилно средство против Црквата. Преку Вартоломеј на тоа се работи и за жал нам тоа ни се случува.

Слично како кај државите – Македонија е мала држава и е порозна на надворешни влијанија. Поголемите држави можат да дадат поголем отпор и се посуверени во водењето на својата национална политика. Затоа за Вселенска Црква прва по чест треба да биде Руската Православна Црква – Московска Патријаршија. Русија е најмоќна православна држава и кога таму би било средиштето, Православното Христијанство би било најдобро заштитено.

Меѓутоа гркоговорни помесни Цркви се дури 7 и Синодите во нив ги надгласуваат другите Синоди на помесните Православни Цркви заедно. Така што не се применува прагматичното правило по кое Православната Црква би била најзаштитена. Инфилтрацијата се врши од најмалите кон покрупните, една по една.

Денешната Цариградска Црква е малубројна. Брои околу 30 000 верници. Прашање е дали воопшто треба да биде сметана за самостојна помесна Црква, а не пак уште да ја носи честа на Вселенска Црква. Се наоѓа во границите на моќна иноверна држава Турција и е целосно пробиена од надворешни влијанија. Навлезен е масонизмот, а последните десетина години се ставени под целосно владение на американската разузнавачка служба.

Исто така добар дел од епископите во МПЦ – ОА се потпаднати под надворешни влијанија. Ватикан, масонизам, темпларизам, разни странски служби. Покрај слики и дела имавме признание од самиот архиепископ од неговото интервју пред Хрватската национална Телевизија.
Така што иако од Синодот на СПЦ добивме извонреден дар на самоглавност за нашата света Македонска Православна Црква, што е дело на задниската дипломатска линија Путин – Вучиќ, “нашите” епископи тоа не го сакаат. Тие сакаат да се ставиме под власта на фанариотите – последните векови, историски непријатели и кочничари на секаква славјанска политичка и црковна самостојност. Македонските епископи упорно нѐ туркаат под власта на кривоверецот и раздорникот Вартоломеј и во прегратки на екуменизмот со Ватикан.

Но да ги видиме до кој степен на неразумност и забеганост се стигнати. Да ги видиме роговите на секој од нив, а потоа ќе следи она кое неминовно ќе следи.