Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.
„… Б И О Г Р А Ф И Ј А
Се викам Пашка Костова Бојаџиоска-Лапе, родена сум през 1874 год. во гр. Крушево во сиромашна воденичарско-брашнарска фамилија од татко Наумче Божинов Питачко и мајка Зица Димова. Од фамилија имам сега живи три сина, који живеат одделено од мене, а јас живеам со снами Менче, жена на мојот најмал син Унчу који умре во 1946 година и така јас останав да живеам со вдовицата на мојот најмал син, која работи домашни ракотворини во килимарницата во Крушево и од незината заработувачка се издржаваме двете. По занајатие сум домакинка, али сега сум стара неспособна и болна те ништо неможам да работам. Од имот имам само една стара куќа во гр. Крушево во која живееме со снами Менче, имам и три ниви во Крушевско, који не се работат од преди 25 години и недават никаков доход.
Маж ми Косту Бојаџиев-Лапе загина како борец во Илинденското востание през 1903 година на месноста ”Слива”- Крушовско во одбрана на гр. Крушево како четник во четата на војводата Тодор Поп Христов, а учествуваше во превземањето на уќуматот, беледието и поштата во одредот на војводата Андреја Башев. По смрта на маж ми Косту Лапе јас останав вдовица со пет деца од који најголемото беше на 8 години, а најмалото 2 месеци,, али со помошта на мојот девер Илија Лапе децата ги изгледав и јас и до ден денеска останав вдовица и не се премажив.
Во нашата куќа беше сместен арсеналот за востаниците, тука се лееа куршумите, се чистеа гилзите, се приготвува патроните и јас тука работев и помагав – пренесував материјали за леарницата, готвев на работниците, месев и перев, со арсеналот упраљавава опитните мајстори железари и туфекчии Ставре Борјар и Митка Манак. За доказ да беше така сведочи и поставената спомен–плоча која е ставена през 1948 год. на мојата куќа со следниот натпис. “Во оваа куќа била сместена тајната работилница за леење куршуми за илинденските востаниции“’.
За време на бугарската окупација примав воено-инвалидска пензија како Илинденка и жена на загинал Илинденец, истата пензија е примав и после ослободувањето па се до 31 декември 1945 година, после која дата ми се обустави исплатата и ми се рече да јас не можам да добијам и натака пензија како жена на загинал Илинденец, а јас не сум само жена на загинал Илинденец, НО СУМ И ЖИВ УЧЕСНИК ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПОКРЕТ, ПОШТО РАБОТЕВ ЗА АРСЕНАЛОТ ВО НАШАТА КУЌА.
Сето ова можат да го потврдат – уште живите Илинденци, Петруш Каре и Лаќу Кондарко, двајцата од гр. Крушево, а и многу други ако треба, а истото се утврдува и од книгата писана на бугарски ”Крушево и борбите му за слободата” писана од стариот Илинденец Никола Киров, учител од гр. Крушево.
26.VI.1950.
Крушево …“
Извор: Вечер Печат