1909.02.26_St. Anne Record, v19, no41, Granite City, Illinois

1909.02.26_St. Anne Record, v19, no41, Granite City, Illinois

Триесетмина повредени во тепачка меѓу Македонци и Бугари, за тоа кој е позначајна личност, Борис Сарафов или Абрахам Линколн.

Ова е еден од посмешните историски податоци, но кој многу добро кажува за меѓусебното разликување и различните национални чувства меѓу Македонците и Бугарите.

Во гратчето Гранит Сити во Илиноис, каде што имало заедница од доселеници, во една фабрика избувналa тепачка меѓу Македонци и Бугари поради спорот – кој бил поголема личност – Абрахам Линколн или Борис Сарафов. Сето започнало кога некој Бугарин рекол дека Абрахам Линколн бил поголема личност. Расправата меѓу Македонците и Бугарите отишла дотаму што дошло до масовна тепачка. Во настанатата тепачка учествувале дури 200 луѓе, од кои 30 биле повредени, некои од нив потешко.

Од сите македонски дејци, Борис Сарафов бил најпознат во светот. Тој најмногу движел низ Европа и давал изјави за гласилата. Во неговите изјави многу пати повторувал за самобитноста на Македонците и дека борбата е за самостојна македонска држава, според начелото „Македонија на Македонците“. Борис Сарафов не е убиен од македонските револуционери, поради врховизам, туку поради неодговорното однесување. Посебно со погрешната стратегија за Илинденското Востание.
Оваа тепачка се случило две години после смртта на Борис Сарафов. Така што очигледно, меѓу Македонците во странство, според она кое го знаеле, силна била болката за неговата смрт. Според нив Борис Сарафов бил поголема светска личност отколку Абрахам Линколн.

 

БУНТ ОКОЛУ СЛАВАТА НА ЛИНКОЛН.
30 повредени кога Македонците прогласуваат надмоќност на Сарафов.
Национално непријателство поттикнато од расправата за општата големина на Абрахам Линколн и Борис Сарафоф, македонски револуционер, предизвика бунт меѓу 200 мажи во Американската Челична Леарница во Гранит Сити, во кој беа повредени триесет мажи, од кои некои потешко. Еден Бугарин го прогласил Линколн за поголем од Сарафов, а Македонците се навредиле на оваа забелешка. Бунтот заврши пред да дојде полицијата.

 

RIOT OVER LINCOLN FAME.
30 Hurt When Macedonians Declare , Superiority of Sarafoff.
Race animosity fanned by the discussion of the relative greatness of Abrahnm Lincoln and Boris Sarafoff, the Macedonian revolutionist, precipitated a riot between 200 men at the American Steel Foundry in Granite City, in which thirty men were injured, some seriously. A Bulgarian declared Lincoln to be greater than Sarafoff and Macedonians resented the remark. The riot ended before the police arrived.

 

Посочил: Саша Узунов
Извор: Illionios Digital Newspaper Collection