Новинарска статија во која опишувајќи некој германски учител кој бил јазичен феномен посредно го споменува МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК како еден од јазиците кои ги користел. Подоцна споменувајќи и бугарски укажува на неговото разликување како два одвоени јазика. Од овој како и од други документи, во тие времиња и покрај негирањата, не било воопшто чудно да се знае за Македонците како народ кој се бори за својата слобода и да се споменува македонски јазик.
Соседните негирања на македонскиот народ постојано ги поместуваат временските граници на негирањето. Ако во средина на 19 век наводно се чуделе од каде излегоа овие македонски сепаратисти, истото се случува и на почетокот и средината на 20 век поместувајќи ја границата за чудење на тоа време. За во втората половина на 20 век до денес границата на изглуменото чудење да се премести на моментот на создавање на република Македонија во склоп на југословенската федерација. Од тогаш границата останува иста и не може да се поместува, затоа што тоа е миг кога од подземна доаѓа до прва јавна званична и призната појава на македонската нација.
Превод на новинарската статија:
„… ГЕРМАНСКИ УЧИТЕЛ
ЗНАЕ 79 ЈАЗИЦИ
РАЗБИРА 250 НАРЕЧЈА.
Тасило Шултесис, учител на латински, грчки и религија во едно од Берлинските средни училишта, дневно жонглира со десет до дванаесет јазици во припрема за предавање на неговата утрешна утринска лекција.
Хер Шултајсис, 36 годишен домороден од Баварија е јазичен феномен кој чита, пишува и разбира 79 јазици и околу 250 наречја.
‘За да го зачувам знаењето на овие јазици’ Хер Шултајсис скромно го известува Асошиетед Прес, ‘го припремам мојот училишен говор не на Германски, туку на различни странски јазици. Да ја земеме религијата за пример. Читам библиска сторија разгледувајќи ја на пример на Македонски, потоа го споредувам овој текст со Јапонска верзија. Понатаму, јас се обидувам да го сфатам коренот на она кое Библијата сака да го искаже со читање на истиот пасос во, да речеме, Полски, Турски, Бугарски и Арапски.
‘Потоа почнувам да го припремам моето образложение на овој пасос како што посакувам да го претставам на моите ученици. Наместо да го пишувам на Германски, било како, јас запишувам дел од него, да речеме, на Арапски, дел на Санскритски или Фински, и на крај со цел да се осигурам дека сум го фатил духот на пасосот мојата жена ги чита произнесувањата за него на некој општо познат Европски јазик, како Англиски или Француски.’ …“
Посочил: Саша Узунов
Извор: Waikato Times