Италијанскиот новинар и парламентарец Одино Моргари напишал статија во 1903 година со наслов „Истокот во пламен”, во којашто ги опишал политичките превирања во текот на Илинденското востание како и целите, организациската работа и пречките со кои се соочувало ВМРО.
Написот наведува дека ВМРО претставува држава во држава, и дека таа воспоставила „… автономна Македонија, со своја влада, милиција, свои финансии и со свое судство …”.
„… Македонската Организација денес настапува на историската сцена преку своето највисоко достигнување, и тешкотиите што следуваа чинеа само една драма без да се познава нејзиниот протагонист. …”.
Италијанскиот новинар објаснува дека ВМРО настапувала практично, спремајќи го македонскиот народ на востание преку пропагандна и организациска работа.
„… Тоа ги натера селаните да ја прифатат идејата за востание што треба да се спроведе во догледно време со цел да се оствари девизата ‘Македонија на Македонците’. Најсмелите беа вклучени во Организацијата …”.
Моргари исто така објаснува дека Бугарија – ‘створена како вазална држава за потребите на Русија и, подоцна, на Германија’ се меша во македонското дело преку Врховниот комитет како нејзин „главен протагонист”, па основа на политиката на Софија се територијалните претензии кон Македонија.
„… Врховниот комитет – дворска и милитаристичка организација, сакаше веднаш да ги поттикне Македонците на востание, без да се грижи дали тие имаа сили да се спротивстават, бидејќи таа не се надеваше на резултат од самото востание, туку на турско-бугарската војна што ќе уследи и што ќе предизвика одлучна интервенција на Русија… ”.
Според наводите, замислата на Врховниот комитет, но и на Русија во тоа време било припојување на Македонија кон Бугарија, но ВМРО одлучно се спротивставило на тоа. Моргари потенцира дека Врховниот комитет ја кочел и попречувал работата на ВМРО и физички ги елиминирал нејзините дејци.
„… Наместо тоа, Внатрешната организација предложи автономија на Македонија според формулата ‘Македонија a Македонците’ како по-опортуна цел од анексијата кон Бугарија од причини што ќе ги споменеме друг пат.
Двата ентитета се во конфликт еден со друг. Едниот брзаше, а другиот не, едниот туркаше напред, а другиот советуваше против. Нивното влијание се изрази до толкава мера што се пролеа крв. Врховниот комитет испрати атентатори да ги убијат најистакнатите луѓе на Внатрешната органицација. Нашите другари во Софија, на пример, со сигурност претпоставуваат дека социјалистот Александар Илиeв, еден од водачите на Организацијата, бил убиен од заседа во Македонија, не од Турците, туку од претставниците на лостот (инсталацијата) на Софија …“.
Моргари исто така го опишува обичајот на праќање вооружени чети од Бугарија во Македонија, вклучувајќи за да го предизвикаат тнр. Мелничко востание во 1902 година, за потоа да избегаат назад со првиот снег. На тој начин врховистите ги оставиле Македонците „… голи, боси и незаштитени пред турските зулуми …“, за потоа да пребегуваат во Бугарија, каде што биле раселени.
„… Револуционерната организација на Македонија и на Одринскиот вилает преставува една држава во отоманската држава. Се конституира автономна Македонија, со своја влада, со своја милиција, со свои финансии и со свое судство и која ја исполнува својата сила во маркот и во шумите, то ест во местата каде што Турците не ќе можат да ги достигнат. Македонската организација истапува денеска на историска сцена со своето највисоко сведоштво, и тешкотии што следуваа, чинеа само една драма без да се познава нејзиниот протагонист. …“
Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Извор: Avanti!