1902—1944_Печатот на Македонците во САД

1902—1944_Печатот на Македонците во САД

“БОРБА” (1902). Прво информативно гласило во САД што го третирало ма­ке­дон­ското прашање бил весникот “Борба”, кој започнал да излегува од коложег 1902 година. Тоа е прв весник на македонската и бугарската емиграција во Аме­рика. До осмиот број бил орган на Македонско-одринското друштво, а по­тоа минал во рацете на Бугарите. Всушност, до осмиот број весникот “Борба” го поставувал ма­ке­дон­ското прашање, со основна теза за автономија на Ма­ке­­до­нија, додека по овој број преовладувале теми за Бугарија. Излегле 15 бро­ја, од кои по­след­ниот датира од 15 листопад 1902 година.

“МАКЕДОНИЈА” (1907-1910). Првиот број на овој весник излегол на 7 снежник 1907 година, а последниот во житар 1910 година, во Гранит Си­­ти, како орган на емиграцијата во Америка. Го издавало друштвото “Ма­ке­до­нија”.

“НАРОДЕН ГЛАС” (1907-1944). Весникот “Народен глас”, како дневен весник, е еден од најголемите заед­нич­ки весници на македонската и бугар­ска­­та емиграција во САД. До 1913 година, т.е. до шестата годишнина, из­ле­гу­вал еднаш, па двапати неделно, додека не станал дневник, издаван во Гранит Сити, а печатен во сопствената печатница.

“МАКЕДОНСКА ТРИБУНА” (1927-). Весникот “Македонска три­буна” бил орган на Сојузот на ма­ке­дон­ските политички ор­га­низации во САД и Канада и се појавил во Индијаноплис, кој во по­четокот им слу­­­же­л на интересите на ре­­­­во­луционерното движење на македонскиот народ, за потоа да застане зад бугарската асимилаторска и дена­ционализаторска по­ли­ти­ка во Македонија и во светот.  “Македонска трибуна”, како орган на МПО излегува кон­тинуирано од 10 сечко 1927 година еднаш месечно. Од почетокот до деведесетите години од минатиот век се печати само на бугарски јазик, а денес на англиски ја­зик, со од­реден број текстови на бугарски и одвреме-навреме има преземе­ни текстови и на македонски ја­зик.
Ова гласило е со најдолг век на печатење во иселеништвото. Во своето 88-годишно постоење одиграло значајна улога во афирмирањето на целите и интересите на организацијата МПО и на бугарската пропаганда. И покрај тоа што весникот го носи атрибутот “македонски”, сепак е далеку од македонската вистина. Заради тоа, весникот го чита одредена категорија читатели и не е по­пуларен меѓу македонските доселеници, кои дошле во САД и Канада по Втората светска војна.

“МАКЕДОНИЈА” (1932). Тоа било списание посветено на македонското дви­же­ње за сло­бо­да и независност. Првиот број бил печатен во 1932 год., из­ле­гувало еднаш ме­сечно на англиски јазик, а го издавал Централниот комитет на македонските политички организации во САД и Канада.

“МАКЕДОНСКИ БИЛТЕН” (булетин) (1930). На 1 цутар 1930 година во САД се појавил “Ма­­­­­­­­­­­­­ке­­дон­­ски билтен”, од кој се от­печатени само три броја. Вес­никот бил ор­­ган на Иницијативниот ко­митет на организациите на ВМРО(о). “Ма­ке­дон­­­ски билтен” имал за цел да ги ин­фор­­мира доселе­ни­ци­те и ма­­кедон­ско­то пра­­шање од гледна точка на ВМРО (о). Таквиот однос бил осо­­­­бено из­­­ра­­зен во апелот до македонската еми­­грација, во кој се апе­ли­­рало тие да се бо­­рат против вр­хо­вистите и се по­ви­ку­ва­­ле Македонците на бе­ско­м­­про­­мис­­на борба про­тив братоубијците и нивните слуги.

“БАЛКАНСКО З(С)ДРУЖЕНИЕ” (1931-1934). По создавањето на Ини­ци­ја­тив­ниот ко­митет на независните прогресивни групи, во април 1931 година се одр­жал Првиот кон­грес на сите прогресивни македонски групи кои се обе­диниле во Македон­скиот на­роден сојуз. Како резултат на будењето на ма­ке­дон­ската свест, на 1 жетвар 1931 година се појавил весникот “ Балканско з(с)дру­же­ние”, како орган на Македонскиот народен сојуз во Америка чие седиште би­ло во Детроит (како продолжение на “Ма­ке­дон­ски билтен”), а излегувал до 1934 година.

“СОЗНАНИЕ” (1932-1937). Овој весник бил орган на бугарската секција на Ко­му­нис­тичката пар­тија во САД, во која биле вклучени и македонските прогресивни доселеници. Се појавил на 15 снежник 1932 година во Детроит, излегувајќи секој петок. Престанал да се печати на 29 листопад 1937 годи­на, а на негово мес­то почнал да излегува весникот “Народна волја”, како гласило на прог­ре­сив­ните бугарски и македонски емигранти во САД и Ка­нада.

“ТРУДОВА МАКЕДОНИЈА” (1934-1937). Еден од позначајните весници на Македонците во САД бил “Трудова Македонија”.Првиот број се појавил во Детроит во златец 1934 година како орган на МАНС и се печател до 30 листопад 1937 година. Мотото на весникот бил: “За правото на самоопределување на македонскиот народ, вклучувајќи го и правото да се оддели во самостојна политичка единица; за слободна Македонија на трудбениците”

“НАРОДНА ВОЛЈА” (1938-1944). Првиот број на овој весник излегол во Детроит во 1938 година. Се печател еднаш неделно на кирилица, а голем број материјали се пе­чатени во постојаните рубрики на англиски јазик. По кон­сти­туирањето на На­родна Република Македонија бројни текстови се печатени на македонски ли­тературен јазик. Весникот “Народна волја” излегувал како орган на МАНС се до 1944 година.

“НОВО ВРЕМЕ” (1934-1944). Со основањето на Македонско-канадскиот народен сојуз (МКНС) во Канада, во Торонто во 1934 год. почнал да излегува весникот “Ново време”, како негов орган. Содржината на овој весник била идентична со онаа на весникот “Народна волја”, како што биле идентични и целите и задачите на МАНС во САД со целите и задачите на МКНС во Канада.

 

Посочил: Портал Македонска Нација
Извор: Славе Катин