Една одлична анализа за спорот околу македонското прашање помеѓу Тито и Коминтерната.
Комунистичката интернационала – Коминтерна (Коминформ) извесно време застанала на позицијата за обединување на трите македонски делови како посебна држава. Оваа единица би им послужила како марионетска држава за преку неа прво: да се воспостави просторна поврзаност со Албанија (преку Бугарија) и второ: советско излегување на Егејско и Јадранско Море.
Под советско влијание Македонскиот Национално Ослободителен Фронт на состанок во Грција дал поддршка за Коминтерновата стратегија за поврзување на комунистичките бунтовници во Грција со тежнеењата на Македонците за независност.
Весникот проценува дека затоа Тито се потрудил на Македонците во Југославија да им обезбеди што е можно повеќе права. Така што Коминтерната би успеала само своите најнаклонети поддржувачи да ги убеди, дека Југославија ѝ се приклучила на грчката Влада во заедничката цел против слободна Македонија.
Посочила: DragonGirl