Положбата на нас Македонците во последниов период сè повеќе се влошува… соседните ослободени држави го прибираат македонското население, од кое што половината не се ни враќа на својата земја, а нив ги заменуваат заселници турци и черкези – маџири. Османлиските власти дозволуваат да се разгоруваат разните пропаганди на соседите, дозволуваат разни убиства и грабежи врз христијанското население. Сето тоа јасно ја покажува положбата на нашата ни мила татковина Македонија, а така е и во Одринскиот вилает… Ние мора да преземеме дејства за да го свртиме вниманието на цел Свет, одново да го актуелизираме македонското прашање, патем и прашањето на Одринско. Но, за таа цел нужно е сите Македонци да се обединиме, и здружно да дејствуваме.