0312-0325 « 1677_Socratis Sholastici et Hermiae Sozomeni (Historia ecclesiastica)

0312-0325 « 1677_Socratis Sholastici et Hermiae Sozomeni (Historia ecclesiastica)

Македонците и во 4-от век наведени како посебен народ.

Македонците споменати во првата книгa на Хермиј Созомен во која е опфатен периодот 312 – 325 год. т.е. владеењето на Константин I Велики.

Хермиј Созомен е еден од т.н. рани историчари на христијанството. Живеел помеѓу 400-450 година. Се смета дека е роден во појасот Газа во Палестина и дека своите книги за црковна историја ги пишувал во последната деценија од својот живот т.е. помеѓу 440-450 г.
____
Oвa e подоцнежно издание од 1677 г. во кое се поместени прво историјата на Сократ од Константинопол (Сократ Схоластик), а потоа и историјата на Хермиј Созомен. Текстовите се објавени напоредно во оригинал и во превод на латински.
____
Македонците споменати во второто поглавје:

“The Christians of the East, as far as Libya on the borders of Egypt, did not dare to meet openly as a church; for Licinius had withdrawn his favor from them; but the Christians of the West, the Greeks, the Macedonians, and the Illyrians, met for worship in safety through the protection of Constantine, who was then at the head of the Roman Empire.”

Превод:

„Христијаните од истокот, дури до Либија на границите со Египет, не се осмелуваа јавно црковно да се собираат; затоа што Ликиниј ја прекина неговата наклоност за нив; но христијаните од западот, Грците, Македонците, и Илирите безбедно се собираа да обожуваат заради заштитата од Константин, којшто тогаш беше на чело на Римската Империја.“
____
Во шестото поглавје Македонците повторно споменати:

“After the battle of Cibalis [one of the battles in which Licinius was routed by Constantine, a.d. 314. Eutrop. Brev. hist. Rom. x. 5,] the Dardanians and the Macedonians, the inhabitants of the banks of the Ister, of Hellas, and the whole nation of Illyria, became subject to Constantine.”

Превод:

„После битката кај Кибалае [една од битките во која Ликиниј бил поразен од страна на Константин, 314 г.] Дарданците, и Македонците, жителите на бреговите на Дунав, на Грција, и целиот народ на Илирија, станаа поданици на Константин.“