Ако просветителот Марко Цепенков бил “Бугарин” и живеел со “Бугари” во “бугарска” Македонија тогаш бугарскиот би требало да му биде мајчин јазик научен од родителите и од средината во која живеел. Зарем “Бугарин” бугарскиот прв пат ќе го учи на училиште исто како грчки или турски јазик. При тоа и она кое го научил од бугарскиот јазик не му причинило задоволство.
„… Сега бугарски веќе знам чат-пат да пем и да одбирам и по нешто од закон, впрочем спечалив и едно книже „Битописание“ малечко, печатено од Филибе и од него за среќа се пораскршив и се тргнав од едно верување на иконите, што бев тргнал да ги гледам в црква и да му се молам, да дури сакав некоја
…
Сега веќе бугарски знам донекаде, грчки исто така, ајде сега турски ќе се учам. Го запашкав еден пријател Турчин, што идеше секој ден на дуќан.
…
А пак бугарски, од тоа што знаев, ич не бев благодарен. Да одам на училиште едно бев голем и сиромав, трето татко треба да го слушам, како што ми велеше занает да учам, така кога ќе видиш – ќути и молчи, да оти желба си имал за учење, имај си, кој те праша? …“
Цепенков во своите пишувања ги користел ѓ, џ, ќ и љ кои не се вообичаени за бугарскиот јазик.
Посочил: Пољакот од Македонија