Во табелата на населението според германскиот учен Schanderl во вилаетите на Јанина, Битола, Косово и Скутари покрај Срби, Грци, Власи, Турци и други живееле и како што ги навел ‘Македонски Словени’ кои по бројност биле втори после Албанците.
Кога разни историски и етнолошки писатели наместо Македонци го користат изразот ‘Македонски Словени’, тогаш значи воочиле народност која се разликува и не може да се подведе под Срби, Бугари, Грци… Но поради тековната општа балканска политичка согласност на негирање на постоењето на Македонците, кое се пренесувало на светското гледање, заведувањето како Македонци ќе значело и радикално истапување од дотогашниот колосек за што биле спремни само малкумина најдоследни и најдлабоко запознаени со етнолошката и националната слика на просторот од Македонија.