Не секогаш цензурата успева сѐ да отстрани. Така повремени пропуштени делови зборуваат за вистинските мотиви на македонските организации. Така во бугарскиот весник “Право” некој поединец Несторов ги изнел правите цели и мотиви за делувањето на ВМРО. Цели за кои бугарската власт не сакала да се изнесуваат во јавноста.
Цитат: “Внатрешната Македонска Револуционерна Организација се разликува од македонските организации во Бугарија со тоа што не содржи емигранти кои пребегнале во Бугарија и кои не се инспирирале со идеалите за Голема Бугарија и ги прекинале сите врски со татковината Македонија. …
Организацијата се состои од местни состојки и беше производ од местната интелегенција. Внатрешната Македонска Револуционерна Организација израсна како одговор на проблемите во Македонија и вмешувањата од нејзините соседи – Бугарите, Србите, Грците и Романците – да ја одредат судбината на Македонија.
Внатрешната организација беше првата која искрено започна да го проповеда слоганот “Македонија на Македонците”. Идеалот за цела Македонија е одредница која го одбива правото на сите непоканети соседи да се мешаат во македонските прашања.
Внатрешната Македонска организација го определува правото за самите да ја одредат судбината на Македонија.”
Quote: “The Inner Macedonian Revolutionary Organization differs primarily from the Macedonian organizations in Bulgaria as it did not consist of emigrants who found refuge in Bulgaria and who were inspired by the great Bulgarian ideals and severed all ties with their homeland Macedonia. …
The organization consisted of local elements and was the result of local intelligence. The Internal Macedonian Revolutionary Organization arose in response to the troubles in Macedonia and the interventions of its neighbors – Bulgarians, Serbs, Greeks and Romanians – to decide the fate of Macedonia.
The internal organization was the first to sincerely begin preaching the motto “Macedonia for Macedonians”. The ideal for a whole Macedonia is a formula that denies uninvited neighbors the right to interfere in Macedonian affairs.
The internal Macedonian organization recognizes the right for themselves to decide on the fate of Macedonia.”
Посочил: Портал Македонска Историја