Category: А04 Македонски извори разни
Докази за македонската самобитност од разни македонски извори
1911_Првата македонска Црква во Канада
Првиот македонски црковен храм во Канада под јурисдикција на руската задгранична Црква.
1878_Печат од Кресненското Македонско востание
Печатот на Македонското востание од 1878 година (познато и како Кресненско) дигнато во Кресна, пиринска Македонија. На печатотот се чита написот ‘МАКЕДОНСКО востание’, најдолу е годината ‘1878’, а во средина стои ‘Печат на началникот на штабот’.
1944.11.04_7ма Битолска бригада – Ослободување на Битола
Седма македонска ударна бригада (позната и како Битолска ударна бригада) била создадена на 22 житар 1944 година во селото Зборско, на планината Кожуф.
1937_Македонско-Хрватски конгрес, Индијана САД
Уште еден масовно посетен годишен македонско – хрватски конгрес каде пред јавноста се истакнуваат барањата за независност на Македонија и Хрватска.
1935.09.12-13_Годишен Македонско – Хрватски собир, Акрон, Охајо САД
За време на кралство Југославија внатре и надвор јакнее пријателството помеѓу подредените народи. На собирот можат да се прочитаат слоганите: Independence for Macedonia, Macedonia does not want anything that does not belongs to her. Macedonia wants what is hers by right…, Defenders of Croatia – Hrvatski domobran.
1920+_Картичка – Независна Македонија (со карта и слоган)
Независна Македонија За неа ние се бориме, За неа ние умираме.
Лисковски Петко – надгробен споменик
Сведоштво за македонската судбина да бидат присвојувани од сите.
1944+_Македонскиот и Албанскиот народ
„Да живее братството меѓу Македонскиот и Албанскиот НАРОД“
1834_Македонското сонце (мајстор Г.Д. Алексов од с. Горно Броди, Серско)
Македонското сонце изгравирано на ѕвоно во 1834 година, на коешто пишува: ☨ МАКЕДОНИА ✵ – Мајстор Г. Д. Алексов од село Горно Броди, Серско.
-0239-_Камен натпис на древномакедонскиот крал Антигон II Гонат
Натпис од времето на Антигон II Гонат, крал на Македонија, 3 век п.н.е Според историчарите: Македонците под водство на кралот Антигон пак ги посрамија Елините, дури и погадно од онаа битка кај Херонеја. На овој натпис е опишано понижувањето на заробените Јонци од страна на Македонците. 1. ΒΑΣΙΛΕΥ ΑΝΤΙΓΟ- КРАЛ АНТИГ- 2. ΝΟΣ ΔΥΑΣ ΙΛΑΡΙ ΧΑΙ- ОН ДВА (1) ВЕСЕЛБА…
1903_Револуционерна збирка
Револуционерна збирка најверојатно составена меѓу двете светски војни. Ја сочинуваат револуционерното знаме на организацијата за градот Струга од 1903 година, слики од македонски дејци, песната „Т’гра за југ“ и слоганот „Македонија на Македонците“.
1944_НОБ транспарент (Солун право на самоопределување)
При влез во градот Охрид македонските партизански единици носеле транспарент: „Солун право на самоопределување“, што го изразува стремежот на партизанските сили за ослободување на цела Македонија и обединување врз основа на правото на самоопределување на граѓаните.