Category: А9.1 Слика и посока

Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СТРАНСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.

1989.07.17_The New York Times - Macedonians are not Greek!-01
Posted in А9.1 Слика и посока

1989.07.17_The New York Times – Macedonians are not Greek!

Македонската заедница во САД и Канада преку Њу Јорк Тајмс негодува поради тоа што во одделни јавни настапи се третирани како Грци. Македонците ги уживаат своите национални права во Република Македонија, Југославија, но нивните права како Македонци се негирани во Грција, Бугарија и Албанија.   Посочил: _zona93

1903.05.26_The Daily News, London -01
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.05.26_The Daily News, London

„… Делчев создателот на Македонската револуционерна организација, беше убиен во престрелка кај Баница. Се смета дека неговата смрт најверојатно ќе го парализира револуционерното движење. Минатата година се случи поделба во Македонскиот Комитет. Членовите на стариот комитет под Г. Сарафов беа обвинети дека повеќе работат за бугарско проширување отколку за независност на Македонија. Беше создаден нов комитет, кој искрено промовира македонската…

1924.03.23_The New York Times - Macedonia ready to fight Serbia-01
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1924.03.23_The New York Times – Macedonia ready to fight Serbia

Една подолга статија која зборува за непрекинатата македонска борба за самостојна државност од крајот на 19 и почетокот на 20 век.   „Македонија спремна за борба со Србија“ Српската Влада ја обвинувала Бугарија за неспособност да воспостават стабилна управа во Македонија. Бугарија се правда дека со договорите после Прва Светска војна таа нема доволно војска за да ја уредува состојбата…

1924.03.06_The New York Times - Bulgarians arrest more Macedonians-01
Posted in А9.1 Слика и посока

1924.03.06_The New York Times – Bulgarians arrest more Macedonians

Бугарската држава одговара на барањата од Југославија и спроведува дејства за сузбивање на македонските револуционерни организации кои се борат за ослободување на Македонците. Како што се чита од известувањето има јасно разликување меѓу Македонци и Бугари. „БУГАРИТЕ АПСАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ 300 Се сега во Затвор Поради Обвиненија за Завера против Југославија. Творечки права, 1924, на New York Times Претпријатие….

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1913.06.29_Симбирянинь, б1790, с1

С. Ф. Иљин, публицист и уредник на руското политичко списание „Симбирјанин“ се застапува за создавање независна македонска држава како предуслов за траен мир во Европа и покрај званичната политика на руската Влада секогаш да ѝ дава предност на (од Русија) новозоздадената држава и нација Бугарија. Иљин пишува дека Македонците не сакаат да бидат претопени (асимилирани) во Срби, Бугари и Грци…

1919.05.11_The New York Times - Macedonian settlement-01
Posted in А9.1 Слика и посока

1919.05.11_The New York Times – Macedonian settlement

Пробугарски настроен известувач чиј допис бил објавен во весникот The New York Times. Повеќе од очигледно е како во текот на написот се обидува да ја омекне и пренасочи јавноста од негативниот меѓународен однос кон Бугарија, држава на страна на губитниците од Прва Светска војна. Така што не се спротивставува на независноста на Македонија за која се залагал и американскиот…

Posted in А9.1 Слика и посока

1939_Pix – ‘Political Riots in Bulgaria’, Australia

„… Политички Немири Во Бугарија Бугарија има жителство од отприлика 6,500,000 распоредени помеѓу 11 националности. Демократските методи не може да се каже дека се влезени во Балканската политика; од таму постојанoто прибегнување кон сила. Погоре: Коњаничка полиција растерува демонстрација од Македонци. …“   Посочил: Саша Узунов Извор: TROVE

Posted in А25 Југославија Кралство А9.1 Слика и посока

1915.04.05_The New York Times – Blame put on Macedonians

„… Обвинувањата ставени на Македонците. Рим, Тревен 4, (преку Париз.) – Д. Ризов, Бугарскиот министер во Рим, изразил мислење денес дека инцидентот на Српско-Бугарската граница бил работа на Македонските револуционери во Србија, кои се спротивставуваат на српскиот режим на територијата стекната во Балканските војни, на која настанала борба. Г. Ризов тврди дека Бугарската Влада на никаков начин не била одговорна…

Posted in А9.1 Слика и посока

1914.11.25_The New York Times – Urge bulgarian action

Водечките пратеници од Софија бараат Македонија да биде окупирана. И во изразноста од Прва Светска војна бугарското запоседнување на Македонија во бугарските установи, во случајов бугарскиот законодавен дом, е нарекувано окупација.   URGE BULGARIAN ACTION. Leading Deputies of Sofia Ask That Macedonia Be Occupied. LONDON, Nov. 24.—In the course of the sitting of the Bulgarian Parliament today, says a dispatch…

1925.10.25-26_Весник 'Политика' - Грчка и Бугарска у договору (Петрички инцидент), Белград-01
Posted in _Избор А19.1 Слика и посока А25 Југославија Кралство А9.1 Слика и посока

1925.10.25-28_Весник ‘Политика’ – Грчка и Бугарска у договору (Петрички инцидент), Белград

Српскиот весник „Политика“ известува за тајно договорен бугарско-грчки намерно создаден т.н. „Петрички инцидент“, со цел за потиснување на организираната македонска ослободителна борба. Имено Грција и Бугарија имале краткотрајна лажирана војна во есента 1925 година, во текот на која грчката војска добила можност да навлезе на просторот од пиринска Македонија и да се бори против единиците на ВМРО. Според наше убедување,…

1902.10.17_The New York Times - The Macedonian Insurrection
Posted in А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1902.10.17_The New York Times – The Macedonian Insurrection

„МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ.“ Кратка вест во која се вели: „… Во политичките и дипломатските кругови во Константинопол, вели дописникот на The Times од турската престолнина, се верува дека за многу кратко, спокојството ќе биде воспоставено во Македонија. …“ Секаде пишува македонско, а не бугарско, српско, грчко… востание.   „… THE MACEDONIAN INSURRECTION. London Times—New York Times Special Cablegram. LONDON, Oct. 17.—In…

1902.08.23_The New York Times - Plot to kill the Sultan
Posted in _Избор А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1902.08.23_The New York Times – Plot to kill the Sultan

„… ЗАГОВОР ЗА УБИВАЊЕ НА СУЛТАНОТ. Сарафов, македонскиот водач, рече дека организирал комитет за да го изврши неговиот атентат. ВИЕНА, 22 житар – Еден весник објавен во Букурешт вели дека дознава дека Г. Сарафов, поранешен водач на Македонскиот револуционерен комитет, организирал комитет чија цел е да го изврши атентатот врз Султанот на Турција. …“   „… PLOT TO KILL THE…

1902.04.07_The New York Times - Macedonian terrorism
Posted in А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1902.04.07_The New York Times – Macedonian terrorism

„… МАКЕДОНСКИ ТЕРОРИЗАМ Комитетот ги присилува селаните во Манастир за да купуваат пушки. Лондон Тајмс – Њу Јорк Тајмс Лондон, Тревен 7 – Константинополскиот дописник на The Times кажува дека еден облик на тероризам применуван од Македонскиот Комитет во вилаетот Манастир е присилување на селаните да купуваат Грас пушки (вид на француска пушка – н.з.) од кои комитетот имал голема…

1902.04.11_The New York Times - The discredited appelant from Macedonia
Posted in А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1902.04.11_The New York Times – The discredited appelant from Macedonia

„… Македонецот е човек сосем способен да си помогне за сѐ што е на повидок, а главната негова употреба на мисионерите е да ги направи да донесат придонес кон неговиот револуционерен фонд. …“ Статијата зборува за добриот однос на македонските комити кон заложничките, мисионерките г-ѓа Стоун и нејзината придружничка г-ца Цилка, грабнати во заложништво за откуп. При тоа се прави…

1902.04.13_The New York Times - Macedonian revolt urged
Posted in А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1902.04.13_The New York Times – Macedonian revolt urged

„… ПОТТИКНАТ МАКЕДОНСКИ БУНТ Издаден е Повик за Општо Востание во Бугарија. Виена, Тревен 12 – The Neue Freie Presse денес објави допис од Софија, Бугарија, објавувајќи дека е издаден проглас од М. Сарафов, Македонскиот водач, повикувајќи ги Македонците во Бугарија да се придружат во општо востание за Тревен 27. Четите се собираат на Турската граница за соработка и инвазија…