Category: А9.1 Слика и посока

Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СТРАНСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.

1905.03.22_Evening Post, Volume LXIX, Issue 68, p5
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1905.03.22_Evening Post, Volume LXIX, Issue 68, p5

„… БЕЗРЕДИЈА НА БАЛКАНОТ. ТУРЦИТЕ И ГРЦИТЕ ЗДРУЖЕНИ. Во Софија превладува вознемиреност за тоа што Турците и Грците се здружени против Бугарите и Македонците. …“   Посочила: DragonGirl

1895.08.13_Evening Post, volume L, Issue 38, p2
Posted in А9.1 Слика и посока

1895.08.13_Evening Post, volume L, Issue 38, p2

„Македонците апелирале до г-дин Гледстоун да им помогне во нивната борба против турското угнетување.“   Посочила: DragonGirl

1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10
Posted in А9.1 Слика и посока

1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10

Во статијата се известува за злосторствата на Младотурците. Така во Албанија некој си Торгут Паша извршил варварски злосторства врз Бугари, МАКЕДОНЦИ, Грци и Срби. Претходно се наведува дека во Османлиското Царство не биле признати националностите, туку само вероисповедите и при тоа наведени се: Грци, Ерменци и Бугари.   Посочила: DragonGirl

1808.09.07_The Times, London
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1808.09.07_The Times, London

Едно од најстарите весникарски известувања каде што се споменуваат Македонците и тоа како посебен народ. Исечекот известува за воените судири на Балканот. Покрај известувањата за текот на српското востание преводено од Црни Ѓорѓе, споменува судир меѓу Мухтар Паша кој се кренал против својот татко Али Паша – Паша на Албанија. Македонците застанале на страната на синот, додека Албанците на страна…

1916.05.04_The Lethbridge Herald, p33, Alberta
Posted in А9.1 Слика и посока

1916.05.04_The Lethbridge Herald, p33, Alberta

Веста известува дека во тоа време бугарската војска значително пораснала со присилно мобилизирање на „Турци, МАКЕДОНЦИ, Грци, Евреи и Романци и Срби“.   Посочила: DragonGirl

1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9
Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9

Македонија бара Автономија Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија. Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни…

1905.09.14_The San Francisco Call
Posted in А9.1 Слика и посока

1905.09.14_The San Francisco Call

Бил откриен заговор за убивање на српскиот крал Петар и бугарскиот принц Фердинанд со цел големите сили да бидат принудени да се вмешаат со надеж за објавување на Македонска автомонија. Во истата вест се додава дека обидот за атентат на турскиот Султан во двор од џамија во Константинопол било дело на истата организација.   Посочила: DragonGirl

1903.02.24_The San Francisco Call
Posted in А9.1 Слика и посока

1903.02.24_The San Francisco Call

„… Македонците и Бугарите се покажуваат решени да стават крај на тајната дипломатија и да иссилат отворено признавање на нивните барања. … Тој (Султанот н.з.) ги збриша Грците многу лесно и верува дека може да ги збрише Бугарите и Македонците со подеднаква леснотија …“ И по кој знае кој пат наведени Бугари, Грци како народи и одвоени од нив Македонците…

1913.08.19_The Fort Wayne News, p2, Indiana
Posted in А9.1 Слика и посока

1913.08.19_The Fort Wayne News, p2, Indiana

„… МАКЕДОНЦИТЕ ПОКАЖУВААТ РОДОЉУБИЕ ЗА ЗЕМЈАТА … Со оглед на тоа што, крајот на Балканско-Турската војна не донесе слобода за Македонија, туку широка поделба на нашата земја и народ помеѓу Србија и Грција и нашата нација присилена на подреденост на српско и грчко владеење, владеење многу потиранско отколку турското владеење. … Со оглед на тоа што српската и грчката Влада…

Posted in А10.1 Слика и посока А9.1 Слика и посока А15 Странски изјави

1928.01.08_Guy Hickok – The Brooklyn Daily Eagle newspaper, New York

Јужно и западно од Бугарите, се простираат Македонците… не сосема Бугари како народ и исто така не Срби. To the south and west of the Bulgarians, lay the Macedonians…not quite Bulgarian by race and also not Serbian. Guy Hickok бил американски новинар, пријател со Ernest Hemingway.     Посочил: Саша Узунов

Posted in А9.1 Слика и посока

1999.05.30_Chicago Tribune

Американскиот весник наведува дека во 1999 во Бугарија живееле 2,5% Македонци од вкупното население.   Посочил: Саша Узунов

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1911.11.26_Montgomery Advertiser, Alabama, US

При обработува на бројчаностите за доселениците во Бирмингам, Алабама, весникот ги наведува Македонците како самостоен народ, напоредно со Бугари, Грци… и сите други. Ниту еден од наведените не е земјописен поим, сите наведени денес се самостојни нации.   Посочил: Саша Узунов Извор: The Montgomery advertiser

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1922.04.01_V. N. Madoloff – ‘In Defense Of Bulgaria’, v16

Македонец испратил писмо до списанието „Тековна Историја“ во кое себе си се претставува „не како Бугарин“, туку како Македонец. Меѓу 19 000 други Македонци кои во текот на Прва Светска Војна дошле од целиот свет да служат во редовите на бугарската војска, затоа што таа им била многу понаклонета отколку српската војска. Македонците како бегалци во Бугарија биле добредојдени и…

1933.01.08_Arbeiter Zeitung - Revolutionäre Vergangenheit
Posted in А9.1 Слика и посока

1933.01.08_Arbeiter Zeitung – Revolutionäre Vergangenheit

„Македонците се, без двоумење, сам засебен народ“ Австрискиот весник „Арбајтер цајтунг” во статија од коложег 1933 година посочува дека Македонската Револуционерна Организација – МРО – ВМРО нема други цели, освен ослободувањето на Македонија и во наредниот пасус нагласува дека Македонците се одделен, засебен народ. „… Кога се основаа во деведесеттите години на минатиот век, тогаш претставува одбрана против крвавото и…

1907.09.02_The Forthightly Review; vol82 less 489
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1907.09.02_The Forthightly Review; vol82 less 489

Зборот Бугар значело селанец, прост човек, а не припадник на народ. Така што обичниот народ, селаните кај разни народи биле нарекувани Бугари. Во ова дело од 1907 година се пишува за тоа како во некои случаи Србите биле нарекувани Бугари. Така што ова создавало забуни при определувањето на Македонците кога тие се кажувале Бугари, мислејќи да кажат за себе дека…