Category: А09 Светски печат
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СВЕТСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1909.11.27_Deseret Evening News
„… ЈАЗИЧАР БАРА РАБОТА Јас можам да разговарам многу различни јазици. Јас зборувам Германски, Унгарски, Словенски, Полски, Хрватски, Бохемиски, Бугарски, Македонски, и нешто Романски и Руски, …“
1904.09.16_The Pacific Commercial Advertiser, Honolulu
„… LIFE IN MACEDONIA: THE MARKET PLACE OF USKUB (Skopje) The centre figure is an Albanian, who carries arms – as do the Turks – though the Macedonians are not allowed to do so & are consequently often subjected to attacks against which they cannot defend themselves …“ Посочил: Саша Узунов Извор: chroniclingamerica.loc.gov
1903.06.05_’La Vita Internazionale’
Неколку европски списанија веродостојно ги објавуваат плановите на Гоце Делчев за стратегијата за македонското ослободување од турското владеење. „… – Занимлив документ за намерите на вистинските македонски патриоти… Планот за востание е изложено од [Гоце] Делчев на членовите на Внатрешната организација: 1 – Да не се потпираат на Русија и Австрија; 2 – Да избегне војна на Бугарија со Турција;…
1908.01.01_L’Italia al’Estero, Roma
Пренесени зборови од Сандански: „… Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање на соседните држави. Во Македонија не треба да има ни Бугари, ни Грци, ниту Срби, ниту Романци, ни Турци, туку – само Македонци. …” Посочил: Слобода или Смрт
1934.05.28_New York Times, p9 – Македонците во судир со софиската полиција
20.000 Македонци, поддржани од свои пријатели Бугари … ги занемаруваат наредбите на полицијата и на македонските претставници, прават колона, ја пеат македонската химна и чекорат кон царскиот дворец. … Толпата извикува „Долу предавниците на Македонците!“
1922.12.07_The Daily Standard, Brisbane, Australia (Ethnic Macedonian uprising in Bulgaria)
Барање автономија “Банда на македонски автономисти” составена од неколку илјадници го освоиле Ќустендил. Подоцна градот бил повратен под власта на Софија. дигитален извор Посочил: Sasha Uzunov
1903.02.28_Весник ‘Славянский Век’ за Македонското Научно-Литературно Друштво, с431-432, Виена
Списанието „Славянский Век“ меѓу првите објавува опширни вести за создавањето и целта на Македонското Научно-Литературно Друштво од Санкт Петерсбург. Во својот број од сечко 1903 г., редакцијата објавила и една дописка под наслов „Македонско друштво во С. – Петроград“, која во контекст на посебноста на македонскиот идентитет, особено на македонскиот јазик, овде во целост се објавува: „Под покровителство на Слав(јанското)…
1903.04.18_The New York Times – ‘In the Balkans; A Trip Through Macedonia – The Land of Strife’
Балканско лажирање: „Вистинска комедија од грешки во кои никој не знае кој е кој, но секој е некој друг.“ Романските, српските и бугарските агенти, како и учените во Санкт Петерсбург, Букурешт, Белград, Софија биле пуштени во фабрикување родословски дрва и шкрабање секакви национални апелации за стекнување права над Македонија. „… A true comedy of errors in which no one knows…
1900+.03.31_London Times – New York Times – Novoe Vremya
Статија насловена „Русија нема да има помогне на Македонците“ пренесува званичен руски став дека независно од агитацијата од македонските патриоти Русија нема да биде навлечена да се замеша во политичките состојби во Македонија.
1912.10.28_The New York Times – A young woman spy
Народносно јасно назначени како Македонци обвинети заради шпиунажа и убиени од страна на бугарските власти. wife of a Bulgarian officer and whose sister is married to an officer, was seen, just before the war broke out, I taking a train for Constantinople. I She had declared to a woman friend that she was going .o Vienna, and, by a curious…
1954+_What is in a language
Весникот известува за југословенско-бугарските дипломатски спорови околу македонскиот јазик и за постоењето на негирани македонски малцинства во Бугарија и Грција.
1903.11_The Shoshone Journal
140 Офицери од македонско потекло биле остранети од бугарската војска затоа што правеле заговор за преку судири на границата да предизвикаат воен судир со Турците (со претпоставка за да ја вовлечат Бугарија во војна за ослободување на Македонија).
1881.09.24_The New York Times
Во весникот Њу Јорк Тајмс во голема статија по повод смртта на американскиот Претседател Гарфилд во споредбите направено е и едно јасно разликување на две историски личности едната како Македонец (Александар Велики) а другата како Грк (Аристид Праведниот).
1945.04.01_The Westralian Judeon, p7, Perth
Австралискиот еврејски весник The Westralian Judean, прави споредба на нестандардни национални особености меѓу кои како такви ги наведува и Македонците како нација: „… Постои македонска нација; но Македонците секогаш биле негирани да имаат сопствена земја …“. „Thus it is not surprising that the founder of political Zionism was a westernized Jew, actually an exponent of assimilationism until he saw…
1925.12.12_The New York Times
Судирот меѓу македонските фракции пред сѐ како последица на бугарските подметнувања се одвивал во Македонија, во Бугарија, посебно во Софија, но и низ европските метрополи.