Category: 01A ETHNOGNESIS
Facts that confirm Macedonian national ethnogenesis.
1561_Claudius Ptolemy, Girolamo Ruscelli. Giuseppe М. Moletti – ’Ptolemaei Typus‘, Venice (Vincenzo Valgrisi)
Венецијанска земјописна карта на која целиот денешен Балкан е означен како Македонија. Извор: Збирка David Rumsey
1492_Martin Behaim – ’Globe Gores 1 – 4. Martin Behaim’s Erdapfel‘, London
Македонија означена со грб како земја со државна (или монархистичка) традиција. Нема обележување за Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1836_Henry S. Tanner – ’Turkey in Europe.‘, Philadelphia
Американска обоена земјописна карта. Македонија како самостоен земјописен поим. Истото наведено и во описот на картата. Македонија делумно се поклопува со Румелија. Грција сосема на југ. Извор: Збирка David Rumsey
1808_Charles Smith – ’Turkey in Europe.‘, London
Почеток на 19 век. Јасна земјописна претстава за Македонија како земја која е одвоена од Грција…, Албанија, Бугарија… Тесалија е гранична територија меѓу Македонија и Грција. Македонија е подпоим на Румелиската управна покраина – санџак. Целата карта И во описот кој може да се види кај изворот. Македонија е наведена како посебна земја. Извор: Збирка David Rumsey
1867_Adolf Stieler, A. Petermann – ’Ost-Europa. Sud-West-Russland & die Turkei. (Southeast Europe).‘, Gotha
Германска земјописна карта, средина на 19 век, Македонија како копнена земја. Крајбрежните делови се претставени дека се населени со грчко население. Извор: Збирка David Rumsey
1688_Vincenzo Coronelli – ’Composite – Robinson Projection, 24 Gores and 2 Calottes, Terrestrial Globe‘, Venezia
Венецијанска земјописна карта. Земја Македонија одвоена од земјите Србија, Бугарија, Далмација, Босна… Грција спомената само како Јонско Грчко Море. Извор: Збирка David Rumsey
1903.11.18_The New York Times – Macedonians not quelled
МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ЗАДУШЕНИ Новинската вест зборува за Борис Сарафов кој навестува дека доколку не се подобрат условите во Македонија напролет повторно ќе биде подигнато востание. Оние краеви кои се уништени после востанието не би можеле, но во другите делови силите се зачувани. Оружјето и муницијата се чува на сигурно во планините и извесна помала група на единици чека да…
1903.11.28_The New York Times – Kaiser aids the Мacedonians
„… КАЈЗЕРОТ ГИ ПОМАГА МАКЕДОНЦИТЕ. Лондон Тајмс – Њу Јорк Тајмс Наменски Кабелграм. ЛОНДОН, Сту. 28. – Софискиот дописник од Тајмс вели дека Германскиот Император испратил преку Принцезата Клементина 2,000f како олеснителна помош за Македонските бежанци, со своерачно писмо изразувајќи сомилост со нивното страдање. …“ Во време кога непосредно после Илинденското Востание помош испратил италијанскиот крал помош испраќа и германскиот…
1825_Felix Delamarche – ’Turquie D’Europe … 1825‘, Paris (F. Delamarche)
Земете ја во предвид годината и погледнете ги македонските називи на земјописните поими: Серез, Драма, Кавала, Вардар, Градиште, Штип… На картата наместо Македонија ставен е турскиот назив Румелија (ромејска/византиска христијанска земја). Но во легендата стои – Земја: Албанија, Земја: Бугарија, Земја: Грција, Земја: Македонија. Поширок поглед на картата Извор: Збирка David Rumsey
1904_Adolf Stieler, B. Domann, C. Vogel – ’50. Balkan-Halbinsel‘, Gotha (Justus Perthes)
Германска земјописна карта за Балканскиот Полуостров. И во самата легенда e наведено – Земја: Грција, Земја: Македонија, Земја: Албанија и Земја: Бугарија. Извор: Збирка David Rumsey
1913_Esref Mehmed – ‘Makedonia = Macedonia‘, Istanbul (Mekteb-i Harbiye Matbaası)
Турска земјописна карта или приказ од неколку карти за Македонија во древноста. На сите нив Македонија е одвоена од Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1939_Христо Константиновъ – ‘Старика, Яне Сандански’, София
Книгата посветена на Јане Сандански напишана меѓу двете светски војни изобилува со промакедонски изјави. Јасно се гледа македонската свест кај писателот. Во врска со Македонија со оглед на околностите писателот главното нагласување го става на социјалната вина на државите. За да не се замери со националистичките сили, пред сѐ во земјата во која живее, вината ја става на општественото уредување…
Христо Константинов
Македонци, сплотете се во името на Македонија како Македонци!
-0400-+ « 1846_Emma Willard – ’The Temple of Time‘, New York (A.S. Barnes & Co.)
Сликовен приказ на историјата на кој може да се види дека Грција и Македонија се одвоени историски поими. Македонија не спаѓа под Грција. Македонија, Грција и Царството на Кир (Персија) подоцна го сочинуваат Царството на Александар. Целата слика од т.н. Храм на Времето. Извор: Збирка David Rumsey
-0168+ « 1861_Heinrich Kiepert – ‘Tab. X. Imperium Romanum‘, Berlin (Dietrich Reimer)
За време на Римското Царство Македонија се простира од градот Филипи на запад до Јадранско Море. На север до под Скопје, а она кое е необично што на некои карти како што е и оваа Тесалија на југ е ставена во македонски граници. Грција на оваа карта воопшто не е заведена како земјописен поим. Извор: Збирка David Rumsey