Category: 01A ETHNOGNESIS
Facts that confirm Macedonian national ethnogenesis.
1868_Heinrich Kiepert – ‘Karte des Russischen reichs in Europa’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта од европскиот дел од Руското Царство на која странично е зафатена и Македонија. Авторот Heinrich Kiepert најчесто Македонија ја означувал со изворното име Македонија, но кога ги користел званичните турски изрази Македонија е означена како Rumili или Rum – ili и е одвоена од Бугарија. Во таков случај кога Македонија е наречена Rumili, за Грција е користен зборот Rumelia….
1853_Heinrich Kiepert – ‘General-Karte von der Europaischen Turkei, Berlin (Dietrich Reimer)
Подробна карта на европскиот дел од Османлиското Царство. Македонија е означена надвор од Бугарија, која сѐ уште е во рамките на Царството. Албанија навлегува длабоко на југ во западната половина од денешна Грција . Извор: Збирка David Rumsey
0000~ « 1858_Heinrich Kiepert – ‘Imperium Romanum’, London-Edinburgh (Williams & Norgate)
Границите на Римското Царство за време на царот Октавијан Август. Македонија е одвоена област надвор од Ахаја, Хелас, Грција… Извор: Збирка David Rumsey
0000~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Imperium Romanum in praefecturas dioceses provincias’, Berlin (Dietrich Reimer)
Римските провинции за време на царот Октавијан Август. Македонија е област надвор од Ахаја, нема Хелас, никакво споменување на Грција. Извор: Збирка David Rumsey
0000~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Imperium Romanum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Според картата за Римското Царство во време на царот Октавијан Август, Македонија се простирала сѐ до Јадранско и Јонско Море и граничела со Ахаја. Извор: Збирка David Rumsey
-0150~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum secundum Ptolomaeum Alexandrinum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Според картата за време на Птоломеj, Македонија е јасно одвоена од Ахаја. Извор: Збирка David Rumsey
-0200 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum secundum Eratosthenem’, Berlin (Dietrich Reimer)
Според картата за време на Ератостен Македонија е јасно одвоена од Хелас. Извор: Збирка David Rumsey
1850-1900 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Graecia’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта за Грција при крајот на Турското Царство (времето на создавање на картата). Очигледно е дека творецот на картата со исклучок на Халкидик, Македонија не ја сметал како дел од Грција, така што ја оставил надвор од земјописната карта. Извор: Збирка David Rumsey
1903_Heinrich Kiepert – ‘Graecia cum insulis et oris maris Aegaei’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта од 19 век која го прикажува просторот каде живееле Грци. Според картата Грците (црвена боја), ги има на македонскиот брег. Посебно на полуостровот Халкидик. Но не и во внатрешноста на Македонија, која јасно е одвоена како посебна област. Извор: Збирка David Rumsey
-0400~ – -0323~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Imperia Persarum et Macedonum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Во карта за древните Персиско и Македонско Царство, Македонија е прикажана надвор од Хеленскиот простор. Извор: Збирка David Rumsey
-0300 – 0000 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum altero p. Chr. saeculo antiquis notus’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта на Heinrich Kiepert за расната распространетост во древноста. На картата областа Македонија е одвоена од областа Грција (Ахаја). Извор: Збирка David Rumsey
1877_Heinrich Kiepert – ‘Türkischen Reiches’
Карта за Турското Царство која Македонија ја става под Rumili одвоено од Бугарија, Србија, Грција… Тогашната Грција е претставена како Rumelia. Rumili и Rumelia и двата израза произлегуваат од таму што Турците, Ромејското Царство (денес познато како Византија) го нарекувале Румелија. Така што овие делови се делови на некогашна Румелија (Византија). Извор: Збирка David Rumsey
2017_Eupedia – ‘Southeast Europe regional DNA’
Eupedia меѓу другото со проект за генетски истражувања претпоставува дека целиот простор на Република Македонија има еден ист превладувачки генетски состав, заземајќи и делови од јужен Космет. Во Грција, македонскиот дел има издвоен генетски состав. Извор: eupedia.com
-0148_The ethnological map of Macedonia
„… После смртта на Александар, источната граница на македонската држава се повлекла до Нестос. На север, сепак, кралството досегало до Скопје, после што била територијата на Дарданците … Од поданиците на Филип не повеќе од 250 000 биле од грчки или македонски соj. Останатите биле, Тракијци, Пеонци, Илири и Боти … Вилијам Смитов Речник на грчкиот и римскиот земјопис: Македонија…
1877_Heinrich Kiepert – ‘Greece with the Islands and Shores of the Aegean Sea. Troy’, Berlin (Dietrich Reimer)
Жолтите рабови се деловите каде што живееле Грци. Според картата Грците ги има на македонскиот брег, но не и во внатрешноста на Македонија. Извор: Збирка David Rumsey