Category: АI ДОКУМЕНТИ
Доказна документација за македонската самобитност.

1823_The European Magazine & London Review, V83
Македонците споменати како посебна нација, меѓу други нации кои се населиле во Трансилванија. „… Истата кауза која ги доведе Ерменците во Австрија, исто така таму ги однесе Грците, Албанците, а и Македонците. Овие различни нации не се бројни …“ Посочил: Вождот (2024.08.08 · 7:34)

1909_Ο Ελληνιςμος εη Μακεδονια
Грчките творци на книгата ‘Хеленизмот во Македонија’ , прибележале дека Славоговорните (како што тие ги нарекувале Македонците) во грчката држава, независно колку често ја менувале својата припадност (поради разните пропаганди), сепак на крај велеле: „Ние сме Македонци“. Посочил: SamuGun (2022.03.29 · 5:38)

1933 « 1941_MPO – An American Symposium On The Macedonian Problem
Професорот Артур И. Ендрјус едно време бил Професор по Дипломатија на факултетот од Чарсловиот Универзитет во Прага. Тој испратил писмо пред 12тата годишна МПО Конвенција (оддржана н.з.) Гроздобер 3, 1933, во Детроит, Мичиген „… Македонија денес е Полска од утре. Поделена на три дела, секоја под различен, но секогаш отуѓен владетел, а само на едно парче на Македонците им е…
1998_Greek Helsinki Monitor & MRG – ‘Greece Against Its Macedonian Minority The Rainbow Trial’, Athens (pdf)
Книга во која е внесена збирка на податоци и преземени дејства од страна на Грчкиот Хелсиншки Набљудувач (Greek Helsinki Monitor) и Друштвото за Малцински Права – Грција (Minority Rights Group – Greece), поради напади и прекршувања на човековите и граѓанските права на Македонците кои живеат во Грција. Посочил: Вождот
2023.06.01_Risto Stefov – ‘Greek Atrocitices Comitted against the Macedonian People’, Toronto (pdf)
Книга во која е внесена збирка на разни документи, во кои се изнесени разни грчки злосторства на национална основа, извршени врз поединци од македонскиот народ. Посочил: Вождот
1923+ « 1953_Ελευθέριος Α. Σταυρίδης – ‘Τα Παρασκήνια Του ΚΚΕ’, Ατινα (pdf)
Во книгата е ставен новинарски разговор на Тодор Паница (најблизок соработник на војводата Јане Сандански) кој го водел со грчки новинар: Google превод: „… “МАКЕДОНСКА ДРЖАВА“ Вие од ВМРО, нема ли да учествувате во новата влада? Повторно истите прашања? Бидејќи веќе ви објаснив дека ние од ВМРО не сме Бугари, зошто би сакале да ја управуваме Бугарија? Ние сме Македонци,…
1945.03.23_Edmonton Journal (Maurice Western) – Macedonia Freed After 1,000 years, p1, Edmonton – Alberta – Canada
Канадскиот воен известувач Maurice Western од Скопје до својот весник известил: „… за прв пат во 1,000 години, Македонија им припаѓа на Македонците“. Истата вест излегла и во 1945.03.23_Nanaimo Daily News, P7, Nanaimo – British Columbia – Canada Посочил: Саша Узунов (2025.01.29 · 5:41)

1919.07.26_San Francisco Chronicle – Big Death Toll In Macedonia Under Bulgars
Голем Број на жртви Во Македонија Под Бугарска Окупација ПАРИЗ, 25 Јули (Француска Безжична Служба) – Бугарската репресија во Источна Македонија за време на окупацијата на оваа територија резултираше со значително намалување на бројот на населението, приближно 100 000 луѓе, од кои околу 32 000 починале од глад и малтретирање во текот на три години, според извештајот на една меѓусојузничка…
1949.08.23_Mt. Vernon Register News – Order Execution Of 51 in Greece, p11
„… Наредена Егзекуција На 51мина во Грција … Атина, … Грчките печатени изданија велат дека денес грчкиот воен суд наредил егзекуција на 51 лице, поради завера за воспоставување на Комунистичка Македонска Држава. Масовниот процес се случил во Флорина (Лерин н.з.). Обвинетите, повеќето од селото Аминтеон, биле обвинети за членство во голема подземна организација која минирала патишта, ја помагала Комунистичката герила…

1982_ОOН, 4та Конференција за еднообразност на земјописните поими
На Четвртата Конференција на Обединетите Нации за еднообразност (стандардизација) на земјописните поими во 1982 година, употребата на изразот Македонска Кирилица поминал без приговор од соседите или од било кого. Посочил: Вождот

1986.04_Amnesty International – Macedonians in Bulgaria
5.1 Македонците Резултатите од бугарскиот попис од 1946 година во врска со македонското население никогаш не биле јавно објавени од бугарските власти. Сепак, југословенски извори тврдат дека на тој попис како Македонци се изјасниле 252.908 лица. Пописот од 1956 година забележа 187,789 Македонци, од кои над 95 отсто живееле во Пиринскиот регион каде што сочинуваат 63,8 отсто од населението….

1959.10.23_Константин Караманлис, Претседател на Министерскиот Совет
Званичен документ каде грчкиот Премиер Константин Караманлис, уште во 1959 година, македонската сојузна републичка единица во склоп на Југославија ја нарекол Македонија. „… Што се однесува на Југославија, Министерствата за Правда на народните републики на Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, МАКЕДОНИЈА и Црна Гора …” Совет на министри Претседател Константин Караманлис …“ Посочил: Νεκτάριος (2025.01.21 · 9:00)

1963.09.26_Editorial Departments of Renmin Ribao and Hongqi – ‘Is Yugoslavija a socialist country’, Peking
Кинескиот печат на англиски јазик поставува прашање: дали југословенската политика водена од Ј.Б. Тито сѐ уште може да се смета за социјалистичка. Во набројувањата на постапките, каде што политиката на Тито отстапила од социјалистичкиот правец, како временски прв наведен е и примерот со изневерувањето на македонската револуционерна борба во беломорска Македонија: „… 1. Револуцијата во Македонија. Во Јули 10, 1949…

1877_Павел Петрович Вяземский – ‘Слово о Плъку Игоревѣ’
„… Старословенскиот потекнува од Македонија, поради тоа истиот може да го наречеме Македонски …“

1938.10.14_The Gary American – Attention Macedonians, Gary, Indiana
Весникот објавува повик од неколку македонски организации, Македонците да го поддржат Френклин Делано Рузвелт, повторно да стане Претседател на САД. „… МАКЕДОНЦИ ВНИМАНИЕ … Македонци примете до знаење: Македонската Напредно Друштво Илинден и членовите на Македонската Народна Напредна Лига на САД и Канада званично повикуваат на поддршка на Демократската партија и Претседателот Френклин Делано Рузвелт на неговата конвенција во Медисон,…