Category: А02 Македонски печат
Докази за македонската самобитност од македонскиот новинарски печат.
1889.08.19_Коста Шахов – весник Македонија, Софија
„… Ние пред сѐ треба да поставиме чисто македонска почва … Ние не можеме успешно да го бараме својот спас како Грци, Срби, а ни како Бугари, туку само како Македонци …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1895.06.28_весник ‘Револуција’ – ‘Програма на македонските социјалисти’
„…Во својата систематски определена борба ние ќе ја пропагагираме и идејата за создавање на една независна македонска република. Нека знаат сите чорбаџии и лапачи дека Македонија по самата своја природа е и треба да биде центар на демократија. Долу турската тиранија! Да живее републиканска Македонија! …“ Весник Револуција Посочил: Пољакот од Македонија
1933.04.03-1934.04.03_Неделник – ‘Македонска Правда’, Софија
Македонска Правда бил неделен орган на македонската емиграција во Бугарија. Првиот број на весникот излегол во Софија на 3 тревен 1933 додека последниот 52 број се издал на 3 тревен 1934 година. Излегувал на бугарски јазик со тираж од 8000 примероци под редакција на Димитар Попефтимов (до бр. 11), а потоа одговорен редактор е Илија К. Граматиков, но веќе со…
1905.10.12-12.14_Весник ‘Автономна Македонија’, Белград
Автономна Македониjа (La Macédoine autonome). „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците“ бил македонски весник во Белград, незваничен орган на Македонскиот клуб. Излегувал меѓу 12 листопад – 14 снежник 1905 година, секоја недела. Георги Герџиковиќ бил сопственик и одговорен уредник, а Григорие Хаџи Ташковиќ е главен уредник. Меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Ефтим Спространов. Весникот…
1927.12_Илинденска организација – списание ‘Илустрација Илинден’, Софија
Насловната страница на списанието „Илустрација Илинден“ издание на „Илинденската организација“. Создадена во 1923 година од Македонци, иселеници во Бугарија чија основна цел било создавање на независна и самостојна македонска држава.
1905_Димо Хаџи-Димов – Револуционерен лист, X 7 и 8
“Сѐ додека моето рамо ќе крепи пушка, Македонија ќе биде недостапна за бугарски офицер”. Гоце Делчев Цитатот од Гоце е запишан од Димо Хаџи-Димов во „Револуционерен лист” наслов „Две теченија“, Х 7 и 8, 1905 Посочил: Слобода или Смрт
1905.09.01_Вардар списание, Наредник-издавач К.П. Мисирков
Во првиот број од месечникот „Вардар“ Мисирков предвидува дека поради своите интереси сите (Турци, Срби, Грци, Бугари и делови од побогатата македонска интелигенција) ќе бидат незадоволни од неговото изнесување.
1944.12.27_в. Нова Македонија
„… Фактот, што се одржуе за прв пат после долги векови на ропството на македонскиот народ, заседание на слободното македонско Собрание, на кое Вие, претставителите на македонскиот народ, слободно ќе решавате за судбината на својот народ, е историјско собитие, не само за македонскиот туку и за сите народи на Југославија. ТИТО до првото заседание на АСНОМ …“ „… Утре…
1924_Крсте Петков Мисирков – Македонецот
„… К. Мисирков – македонец … Мислата ми е за денационализацијата на македонците во “Јужна Србија”, за нивното посрбување. Тоа прашање е од значење и за нас, македонците, и за србите, и за вас, бугарите и за европската дипломатија и општествено мнение. … Ние се гордеме со св. св. Кирил и Методиј, со св. св. Климент и Наум. Тие се…
1932.06.14_Списание ‘Македонско знаме’ – Македонското Национално Препородување
Органа на македонската прогресивна емиграција во Бугарија.
1923.08.31_Весник ‘Независима Македонија’ – За бегалците
Целите на весникот „Независна Македонија“ – за независна Македонија во рамките на Балканска федерација.
1925-1938_Весникот „Македонско дело“ печатен орган на ВМРО (Обединета)
—- „Македонско дело“ говори за великосрпската, но и за бугарската и грчката асимилаторска политика. „… Ние знаеме дека во овој момент сите со сета душа протестираат против вандалштината на туѓите окупатори (завојувачи) – Грците, Србите и Бугарите.. Белградските управители не ги засега несреќната положба на македонскиот народ, тие само ги засилуваат прогоните, обвиненијата, клеветите, затворањата.. Ние го повикуваме македонскиот народ…
1913.12_Списание ‘Македонски Глас’ – Српски терор, Петроград
Списание „Македонски Глас“ За ѕверствата на соседите: Срби и Грци… МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪ, бр. 8, стр. 15