Category: А09 Светски печат
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СВЕТСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1903.07.11_Киевлянин, №189
Зголеменото (интензивното) противмакедонство на бугарската Влада во пред-илинденско време, забележано и од украинскиот печат (тогаш во рамките на царска Русија). Ова се случува на помалку од еден месец од востанието. „… Неколку чети се обиделе да ја преминат границата. Бугарски пунктови го спречиле тоа. Воjвода Саракинов бил уапсен во моментот на преминување на границата …“ Известува за борби на востаниците…
1903.04.05_Arizona Republican – Macedonian movement
Уште еден доказ за бугарското противмакедонство. Бугарската држава не само што не им помагала на Македонците, туку била против Илинденското Востание и општо против македонската борба за слобода. „… МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ Е Силно Спротивставувано од Бугарската Влада Виена, 4 тревен 1903 година – Сознанијата добиени тука од Софија, велат дека бугарската влада презема дејствени мерки против македонските бандити и има…
1903.02.15_The Pacific commercial advertiser – Bulgaria arrests the Macedonian plotters
„… БУГАРИЈА ГИ АПСИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАГОВОРНИЦИ И Постави Кордон од Војници Покрај Границата на Земјата Која е во Бунт Против Турското Владеење. … Софија, Сеч. 14 – Старешините на Македонскиот револуционерен комитет во Бугарија беа уапсени. Владата постави воен кордон на Македонската граница за да ја прикаже спремноста на Бугарија да ги исполни меѓународните обврски. …“ Според поднасловот бугарската Влада…
1903.08.16_The New York Times – will aid Macedonians
За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО. Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја…
1901.05.09_Singleton Argus, p2, NSW
„… МАКЕДОНИЈА Вечно повторуваните неволји во Македонија оваа година се закануваат да излезат на површина. Фактите за случајот се едноставни. Македонците имаат право, според Договорот од Берлин, да бидат управувани од нивните автономни установи. Оваа клаузула никогаш не била извршена, а Македонците чекаа дваесет и три години на Големите Сили да им стане згодно тоа да го осетат, освен ако…
1900.09.22_The London Times, p05 – The Macedonian Revolutionary Committee
Подолга новинарска статија посветена на Македонскиот Револуционерен Комитет после аферата со убиството на романски должносник за што комитетот бил обвинуван. За да дојде до помирување со вознемирената романска страна бугарскиот принц Фердинанд и неговите министри смениле некој министер за стопанство. Во меѓувреме охрабрен од неказнивоста Македонскиот Комитет станал прав ментор на Владата и давал малку внимание на предупредувањата од Австро-Унгарија…
1941~1949.06.26_Raids by Greek Terrorist
„… ПРОГОНИ ОД ГРЧКИ ТЕРОРИСТИ Лондон, Жетвар 26 (A.A.P) Оптужбите во Југословенскиот печат дека банди од Грчки Е.Д.Е.С под команда на Генерал Зервас, спроведуваат терор програма против Македонците, подигнаа стравови дека може да настанат сериозни меѓународни компликации. Извештаите тврдат дека бегалците идат преку Скопје, (порано Ускуб) во Србија, со приказни дека се истерани од своите домови со грабеж и насилство….
1912.11.01_The Washtington Times – Danish Prince May Become King of Macedonia
Данскиот принц Харолд се согласил со замислата да биде крал во идното македонско кралство. Посочил: Вождот
1890.06.08_The New York Times
Турскиот Султан за Њу Јорк Тајмс објаснувал кој лежи во турските затвори. „… Во турските затвори Муслиманите и Христијаните се држени одвоено … Христијаните се составени од Грци, Бугари, и Македонци …“. Посочил: Macedonian Agema
1903.08.31_The New York Times – Gen. Garibaldi’s Position
„… Ген. Ричиот Гарибалди кој се бореше на страната од Грција против Турција во 1807, беше разговаран во врска со гласината дека Грција ќе ја поддржи Турција против Македонците. Тој рече дека не му е чудно дека Грција и Турција ќе се обединат во потиснување на Македонското востание. ‘Јас самиот,’ тој продолжи ‘сум ја поттикнувал Грција да дојде до договор…
1939.01.30_LIFE Magazine – Vasilka M. Petroff
„… Господа: Ве замолувам прибележете го моето негодување против онеправдувачката употреба на изразот „родени убијци“ која им е нанесена на Македонците. Горд и интелегентен народ, Македонците храбро се борат против друштвените, политичките, и стопанските турски угнетувања во должина од пет векови. После Светската Војна, Македонија беше поделена помеѓу три балкански земји, секоја обидувајќи се да ја надмине другата во наметнување…
1903.08.14_Osaka Majnichi Shimbun, Japan
„… Изгледа дека е многу тешко да се најде темелен начин за да се решат проблемите на Балканот. Се стравува дека ако продолжи борбата, мирот во Европа исто така ќе биде нарушен. Повикувајќи се на вестите што доаѓаат од Лондон, востанието сѐ уште се шири, а згора на тоа извршен е и атентат врз рускиот конзул. Востаниците се составени од:…
1902_Die Zeit, n288, Austria
„… Сарафов работи на тоа Македонија да добие политичка самостојност. Факт е дека постои извесна разлика помеѓу македонското наречје и јазикот што се зборува во Србија или во Бугарија, поради што постои желба наречјето на оваа покраина самостојно да се развива. Во таа смисла Сарафов го даде слоганот: Македонија на Македонците!… Ако Сарафов сериозно мисли за самостојноста на Македонија, ние…
1978.08.25_The Greenville News – ’Hua praises Macedonian ‘traditions’‘, South Carolina, US
„Македонската нација има древна историја и славни револуционерни традиции“ Хуа Гуофенг – наследник на Мао Цетунг, водач на Кинеската Комунистичка Партија и Премиер на Народна Република Кина. Изнесеново досега беше познато само како гласина. Дека некогаш висок кинески политичар на средба со македонските политичари, им споменал за древното македонско потекло. Некој од македонските комунисти му возвратил дека – ние сме…
1907.03_The Technical World Magazine
Македонка, претставена како припадничка на посебен народ, напоредно со другите. Посочил: Вождот