Category: А9.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СТРАНСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1903.09.18_The New York Times – Austria and Russia may occupy Macedonia
Доказната вредност е што се зборува за заштита на Македонија од турските насилства разгледувајќи ја како одделна единица при тоа воопшто не споменувајќи ги хегемонистичките желби за завладување од страна на соседите. Краток опис на содржината: МОЖНО ОКУПИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Австрија и Русија предлагаат нов план за завршување на Балканската криза – другите големи сили најверојатно ќе се согласат. Во…
1903.09.20_The New York Times – England and Macedonia
Доказната вредност на оваа новинарска вест е во тоа што се зборува за независност на Македонија како најправилно решение и при тоа воопшто не се споменува припојување кон некоја соседна држава. Краток опис на содржината: Од писмата испратени до уредникот. АНГЛИЈА И МАКЕДОНИЈА До уредникот на Њу Јорк Тајмс Уредникот изјавува дека со внимание го прочитал писмото од W.H.W поврзано…
1903.09.13_The New York Times – Macedonian Plea
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИ ПРИГОВОР (молба, барање н.з.) Било добиено писмо од таканаречениот Комитет за Автономија на Македонија кој повикува на внимание кон источно европското прашање. Во документот од 12 точки биле дадени предлози за Султанот и за потписниците на Берлинскиот Договор. Територијата да биде управувана од комисија составена од европски и домородни делегати. Таа комисија треба да работи…
1903.10.16_The New York Times – Macedonian leader dead
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИОТ ВОДАЧ Е МРТОВ. Се работи за лажна вест дека погинал Борис Сарафов. Во новинската вест се зборува за разни гласини кои стигнале дека Борис Сарафов настрадал во близина на Лерин (Флорина). Ако е тоа вистина тогаш МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ го изгубиле нивниот најенергичен водач и за Турците најгорчлив непријател. Според репутацијата Сарафов бил најпознат од сите…
1903.10.17_The New York Times – Exodus of Macedonians
Краток опис на содржината: ЕГЗОДУС НА МАКЕДОНЦИТЕ Од Турција тогашно Османлиско Царство кон Бугарија пребегнале 22,000 бегалци и од Одринскиот вилает уште 19,000. Повеќето од нив биле стари луѓе, жени и деца. Сите биле во состојба на целосна беда. Сето како последица на разни одмазднички злосторства кои турската војска ги вршела врз населението. Жените биле двоени од децата, потоа убивани….
1903.10.19_The New York Times – The Macedonian refugees
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИТЕ БЕЖАНЦИ. Општината во Варна изгласала 20,000f. за помош за бежанците кои гладуваат. Сите класи (од општеството н.з.) вклучувајќи многу жители кои се странци прилагале изобилно за помош на бежанците со исклучок на Грците и Ерменците, од кои повеќето биле имашни. Тоа се должело на постоењето на политичкиот анимозитет. Се оправдувале поради постраданите од сопствената…
1903.11.09_The New York Times – The succor the Macedonians
Краток опис на содржината: ПОМОШ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ На господин Станчиов, бугарски дипломатски претставник во Петроград ќе му биде доверена сумата собрана од Принцезата Клементина во корист на Македонските бежанци. Софиското добротворно друштво испратило 83,000f. до бугарскиот Архиепископ од Монастир за помош на бездомните од тој вилает. Архиепископот ќе ги помине областите на Охрид, Лерин и Костур. „… TO SUCCOR…
1903.11.04_The New York Times – Macedonians still suffer
МАКЕДОНЦИТЕ СЀ УШТЕ СТРАДААТ Владењето на теророт во Разлог продолжува – Христијаните се измачувани ако не предадат оружје или пари. Небранетото население било изложено на освета од властите и баши-бозукот како увод во земањето на огромен данок. Секој селанец ако не бил во можност да предаде пушка или да плати откуп бил подложен на измачување некогаш на најварварски начин. Многумина…
1903.11.18_The New York Times – Macedonians not quelled
МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ЗАДУШЕНИ Новинската вест зборува за Борис Сарафов кој навестува дека доколку не се подобрат условите во Македонија напролет повторно ќе биде подигнато востание. Оние краеви кои се уништени после востанието не би можеле, но во другите делови силите се зачувани. Оружјето и муницијата се чува на сигурно во планините и извесна помала група на единици чека да…
1903.11.28_The New York Times – Kaiser aids the Мacedonians
„… КАЈЗЕРОТ ГИ ПОМАГА МАКЕДОНЦИТЕ. Лондон Тајмс – Њу Јорк Тајмс Наменски Кабелграм. ЛОНДОН, Сту. 28. – Софискиот дописник од Тајмс вели дека Германскиот Император испратил преку Принцезата Клементина 2,000f како олеснителна помош за Македонските бежанци, со своерачно писмо изразувајќи сомилост со нивното страдање. …“ Во време кога непосредно после Илинденското Востание помош испратил италијанскиот крал помош испраќа и германскиот…
1903.12.08_The New York Times – Italian king aids Macedonians
„… Италијанскиот Крал ги Помага Македонците. Лондон Тајмс – Њу Јорк Тајмс наменски кабелграм. Лондон, Сне. 8. – Софискиот дописник од Тајмс вели дека Кралот Виктор Емануел од Италија дал 10,000f. како олеснитела помош за Македонските бежанци. …“ „… Italian King Aids the Macedonians. London Times—New York Times Special -Cablegram. LONDON, Dec. 8.—The Sofia corre- i spondent of The Times…
1904.01.12_The New York Times – Boris Sarafof in Rome
„… БОРИС САРАФОВ ВО РИМ. Тој сака Ричиоти Гарибалди да го води Македонскиот Поход. Рим, Кол. 11. – Борис Сарафов, Македонскиот револуционерен водач, чие пристигнување во Рим печатот овде погрешно го најави за Кол. 3, пристигна во овој град минатата ноќ. Една од главните цели на Сарафовата посета во Италија е да го поттикне Ген. Ричиоти Гарибалди (четврт син на…
1904.01.28_The New York Times – New Macedonian revolt
„… НОВА МАКЕДОНСКА ПОБУНА. Белград, Кол. 27.- Сарафовите Македонски претставници прогласија нова побуна за Цутар 28. …“ Посочил: Ѕале
1904.01.30_The New York Times – Porte accuses Macedonians
„… ПОРТАТА ГИ ОБВИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ. Цариград. Кол. 29. – Портата (турската влада н.з.) ги известила Австриската и Руската Амбасада дека Македонските комитети имаат договорено со Албанците, за богата награда, да го убиваат секој странски старешина испратен во нивните покраини поврзано со преорганизацијата на жандармеријата под реформската скица на големите сили. Портата, од таму ги предупредува старешините кои носат странски одела…
1904.07.13_The New York Times – Macedonia causes alarm
„… МАКЕДОНИЈА ПРЕДИЗВИКУВА ТРЕВОГА Рускиот Пораз на Истокот Може да ги Наведи Бугарите да се Придружат на Востаниците. Виена, Златец 12. – Обновените револуционерни напади во Македонија предизвикуваат грижа во дипломатските кругови овде. Се тврди дека Принцот Фердинанд од Бугарија, во текот на неодамнешната посета на Виена, изразил неспокојство во однос на работите во Балканот, и дека тој е се…