Category: А26 НОБ и НОФ
Податоци за македонските состојби и македонската национална борба за време на Втора Светска војна.
Ѓорѓи Наумов (1916 – 21.07.1942)
Роден во с. Битуша, леринско. Бил убиен со бесење од страна на бугарскиот фашистички окупатор во Скопје. Ѓорѓи е брат на националниот херој Стив Наумов. Нивната мајка, за слободата на Македонија, во рок од три месеци ги изгубиле двата сина. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Блажо Димитровски – Рогозинарот (1904 – 1942)
Родоен во с. Путурис, битолско. Убиен со бесење од страна на бугарскиот фашистички окупатор во Скопје 1942. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Ванде Вељаноски (1913 – 1942)
Потекнувал од сиромашно семејство од с. Никодин, прилепско. Делувал во работничкото движење уште од 1937 година против тогашната српска окупаторска власт. Бил убиен од бугарските фашисти со бесење во скопскиот затвор. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Кочо Вангелов Десановски (1920 – 1942)
Кочо Десано обесен од бугарскиот окупатор во жетвар 1942 година. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже Извор: Дучо Кранго – ‘Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор’
1949.05.10_Централна болница – оперативна хирургија, Вичо планина
Лефтерија Лотика Боди (с. Загоричане, костурско) Таска (Ипиро) Сула Калимани (Добролишта, костурско) Гиза (медицинска сестра од Унгарија) Ники (Пилкати, с. Колевишта, костурско) Атина Теохариду – Зонова (Черешница, костурско) Александра (с. Герман, леринско) Фана (с. Жељево, леринско) Ставрула (град Гревна) Посочил: Види Види
1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘во Вичо …’
„ВО ВИЧО НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ КЕ ПОМИНИ“ Посочил: Sekula Vojvoda Fan Club
1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘Илинден’
Илинден како придвижувачки поттик за македонската национал-револуционерна борба во текот на Граѓанската војна во Грција. На цртежот е ставен слоганот: „Да јакнее военото единство на грчкиот и македонскиот народ во борбата за мир демократија национална независност“ што јасно зборува за националната македонска освестеност и поттиците за борбата која била водена. Посочил: Macedonia: a True Endless Story …
Васил Антевски – Дрен (1903 – 1942)
Васил Антевски, роден во с. Оморани, по професија бил адвокат дипломиран во Белград. Бескомпромисен борец за правата на македонскиот народ. Затворан и прогонуван и во периодот меѓу двете светски војни. Зема учество во Скопскиот партизански одред. Уапсен во Велес при обид да стапи во врска со Прилепскиот партизански одред. Пред бугарскиот фашистички суд покажал вонредна гордост и храброст. Одбил да…
1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III
Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица…
Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин – 03.05.1942 битолско с. Лавци)
На 22 тревен 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 косар 1942 година одредот бил опколен од БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето од БУГАРИТЕ, а потоа умрела. За Народен…
Методија Андонов – Ченто
Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците. • 1940.12.18 • Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот…
Петре Пирузе – Мајски
Водач на Народно – Ослободителната Војска во западна Македонија. Легендарен командант од Дебрца. После војната отстранет заради неговите замисли за самостојна и обединета Македонија.
2003_Михаило Апостолски – ‘Сеќавања’, Скопје (Магор)
Ако денес ги слушате бугарските националисти, во обидите за перење на фашистичките гревови од Втора Светска војна, ќе чуете дека бугарските војски после превратот ја ослободиле пола Југославија. Во продолжение извадок од спомените на генерал Михајло Апостолски поврзан со бугарската војска и ослободувањето на македонските градови Скопје, Велес и Штип. „… Таму најдовме дел од бугарската комора од која зедовме…