Category: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1587_Urbano Monti – ‘(Interactive Globe) Tavola 1-60. (Map of the World)’, Milan
Стара италијанска карта. Има Македонија, Албанија, Тракија, Боетија, но нема Грција, Србија, Бугарија… Во Македонија е ставен градот Vodana. Извор: David Rumsey
0000~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Imperium Romanum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Според картата за Римското Царство во време на царот Октавијан Август, Македонија се простирала сѐ до Јадранско и Јонско Море и граничела со Ахаја. Извор: Збирка David Rumsey
1850-1900 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Graecia’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта за Грција при крајот на Турското Царство (времето на создавање на картата). Очигледно е дека творецот на картата со исклучок на Халкидик, Македонија не ја сметал како дел од Грција, така што ја оставил надвор од земјописната карта. Извор: Збирка David Rumsey
1903_Heinrich Kiepert – ‘Graecia cum insulis et oris maris Aegaei’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта од 19 век која го прикажува просторот каде живееле Грци. Според картата Грците (црвена боја), ги има на македонскиот брег. Посебно на полуостровот Халкидик. Но не и во внатрешноста на Македонија, која јасно е одвоена како посебна област. Извор: Збирка David Rumsey
1738_Osmanlı Avrupası Haritası – ‘Map of the Ottoman Empire in Europe’
На ниту една земјописна карта земјописниот поим Македонија не е подреден на поимите Бугарија, Србија и Албанија. На оваа карта Грција не е ниту наведена.
1901, 1906, 1960_The Jewish Encyclopedia – Macedonia
Во Еврејската Енциклопедија со прво издание уште во 1901 година зборовите Китим и Јаван се поврзуваат со Македонија и Македонците, а не со Хелените или денешните Грци. Изразот Јаван е битен затоа што се поврзува со Јафет еден од тројцата синови на Ное од кои настанале трите раси (жолта, црна и бела раса). Се смета дека и името на Јонско…
1802_Даниил Москополец – ‘Речникот од четири јазика’, Венеција
Во текот на 1802 година, во Венеција се појавува од печат необична книга на грчки јазик, потпишана од свештеникот и учител Даниил Москополец, погрчен Влав од Албанија, во рамките на која првпат во Европа се претставува македонскиот јазик (охридското наречје) во облик на печатена книга – под туѓо име и со туѓа графија. Тоа е книгата (со грчки наслов –…
1953_Елефтериос Ставридис – ‘Зад кулисите на КПГ’, с214, Атина
„… Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи,…
2018_Јордан Костадинов – ‘Жестокоста на бугарскиот национализам и неговите слуги против Македонците’, Штип
Книга на Јордан Костадинов еден од најистакнатите борци за човековите права на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија. „… Во периодот по 1950 година во Пиринска Македонија се одржани неколку политички процеси на малолетни младинци од 16-17 години, кои формирале македонски илегални организации. … Осудените младинци беа испраќани во воспитните домови во Бојчиновци. Некои од нив се: младите од село…
1880_Ѓорѓија Пулевски – Славјанско-Населениски-Македонска Слогница Речовска, Софија
“… Написана је по славјански-маќедонско нареченије за да ја разбирајет сви полуострофски Славјани …“ Дел I-ви За от 131-ва год. по потопот вселенски до 900 год. пред Христа Книга I-ва ДО 900 ГОД. ПРЕД ХРИСТА Токо маќедонски-славјанска историја оту се зафаќат уште от 131-на година по вселенскијот потоп… даже до 900 год. пред Христа, даже се плодиле и насељјавале Македонци,…
1800+ « 1998_David Ricks, Paul Magdalino – ‘Byzantium and the modern Greek identity’
„… Ние Грците денес имаме голема тешкотија во разбирањето дека осетот за континуитетот на нацијата каков што го среќаваме во општата клима или на училиште, бил изум од средината на 19 век …“ Грците биле под странска подреденост за целиот Византиски период како продолжение на Римското владеење. Мислењето на повеќето луѓе од првата половина од 19 век била дека националната…
1919_Статутот на Македонската Федеративна Организација
Статутот на Македонската федеративна Организација со цел „за легална борба за Македонија како независна држава во рамките на земјописните и стопанските граници“ со слоганот „Македонија на Македонците!“. The Statute of the Macedonian Federative Organization with purpose “to fight legally for Macedonia as an independent state, within its geographical and economic frontiers” with the slogan “Macedonia to the Macedonians!”. Повик од…
1905.10.12-12.14_Весник ‘Автономна Македонија’, Белград
Автономна Македониjа (La Macédoine autonome). „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците“ бил македонски весник во Белград, незваничен орган на Македонскиот клуб. Излегувал меѓу 12 листопад – 14 снежник 1905 година, секоја недела. Георги Герџиковиќ бил сопственик и одговорен уредник, а Григорие Хаџи Ташковиќ е главен уредник. Меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Ефтим Спространов. Весникот…
1963.12_Giorgios Seferis, Greek poet
I will not say we are the same blood with the ancients, becuase I hate racial theories, but we do reside and live in the same land with those and look to these same mountains that end up in the same sea Greek poet at the granting of the Nobel Prize in Stockholm. Нема да речам дека ние сме иста…
2019.01.25_Nikos Filis, member of Greek Parliment
“Macedonia is not one and Greek! There are several Macedonias. The other Macedonia is defined by the Bucharest Treaty which bears our, Greek signature. Maybe it doesn’t sound too good, but it is the truth. Greek Macedonia is Greek, and let me clarify, IT WAS MADE GREEK, because from 1912 to 1922, when the refugees came, THERE WAS NO GREEK MAJORITY…