Category: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1928_Грчки попис (Македонословени)
Во грчки попис од 1928 години наведени се 81 984 кои себе си се завеле под графата Македонословени, напоредно со значително помалку 16 775 кои себе си се ставиле како Бугари. Посочил: Visit Macedonia
1903.08.12_Daily News, поп Тома Николов – Целите на Македонците
За англиски новинар свештеникот Тома Николов зборува за погрешните ставови кои ги имале Турците и добар дел од европската јавност дека Македонците се бореле за припојување кон Бугарија. Целите на борбата биле Македонија на Македонците, а не за Велика Бугарија. Секој Бугарин или банда која доаѓала од Бугарија ако сакале да земат учество во борбите со Турците морале да се…
1909.02.26_St. Anne Record, v19, no41, Granite City, Illinois
Триесетмина повредени во тепачка меѓу Македонци и Бугари, за тоа кој е позначајна личност, Борис Сарафов или Абрахам Линколн. Ова е еден од посмешните историски податоци, но кој многу добро кажува за меѓусебното разликување и различните национални чувства меѓу Македонците и Бугарите. Во гратчето Гранит Сити во Илиноис, каде што имало заедница од доселеници, во една фабрика избувналa тепачка меѓу…
1903.03.23_Političen list – Slovenec, Ljubljana, s4, br66
„… ‘Албум за Македонија и животот во неа’ на 1.500 страници имаат намера да издадат руските писатели. Ќе учествуваат и Лав Толстој и Максим Горки. Се смета дека со тоа македонските маченици ќе добијат 20.000 рубли. Исто така во полза на Македонците јавни предавања ќе се одржуваат низ цела Русија“ …“ Посочиле: Mакедонија бескрајна приказна
1865_A.J. Johnson – ’Austria, Turkey, Hungary, Macedonia.‘, New York (Johnson and Ward)
Американска карта за Австрија, Турција, Унгарија и Македонија. И во описот на картата Македонија е наброена покрај другите земји. Извор: Збирка David Rumsey
1856_Charles W. Morse, Charles A. Colby – ’Turkey in Europe, Greece, and the Ionian Isles‘, New York
Македонија во 1856 година со граници и боја целосно одвоена од околните земји. Во границите влегуваат Куманово, Гнилање, Ќустендил, Мелник… Повеќе местоименувања со денешните македонски имиња: Кавадарци, Кожани, Петровиќ (Петрич), Вардар, Битола. Извор: Збирка David Rumsey
1490 « 1944_Erwin Raisz – ’History Of Maps – Ptolemaeus Romae 1490‘, New York
Македонија од Егејско до Јадранско Море зафаќајќи поголем дел од денешна копнена Грција. Грција не е обележана. Извор: Збирка David Rumsey
1821_Adrien Hubert Brue – ’Monde connu des anciens.‘, Paris
Во карта за светот во древноста, Македонија е обележана одвоено од Илирик, Мизија, Тракија и Грција. Тракија лево од Македонија од Дунав до Мраморно Море. Мизија на север од Македонија, северозапад од Тракија. Илирик покрај Јадранско Море до Македонија. Грција јужно од Македонија. Македонија на средина меѓу сите нив. На светската историско-земјописна наука порано не и било спорно за одвоеноста…
1847_Griffing D. Johnson – ’World On Mercator’s Projection.‘, New York
Прецизна и богато украсена земјописна карта. Македонија е разграничена од околните земји. Албанија длабоко навлегува во западната половина од денешна копнена Грција. Грција се наоѓа на просторот од Ахаја. Извор: Збирка David Rumsey
1887_Jacob Skeen – ’Genealogical Chronological and Geographical Chart. History of Ancient Times from Adam to Christ.‘, Louisville
Земјописна времеследна карта. Македонија ја зафаќа средишнината и тоа скоро половина од Балканскиот Полуостров. Грција на југ од Македонија, означена со друга боја како различни земји. Тесалија измеѓу како гранична територија. Извор: Збирка David Rumsey
1806_Placido Zurla, Fra Mauro – ‘Abbozzo Del Mappamondo Di F- Mauro Camaldolese‘, Venezia (Tipografia Picotti)
Цела Грција е означена како Албанија. Средината на полуостровот е Македонија. На север средина Србија на исток Бугарија. Необичноста на земјописнава карта е што страните се обратно свртени – север долу, југ горе, исток лево, запад десно. Извор: Збирка David Rumsey
1599_Claudius Ptolemy, Giuseppe Rosaccio – ’Ptolemaei Cognita‘, Venetia
Со името Македонија означен целиот јужен дел од Балканот. Извор: Збирка David Rumsey
1561_Claudius Ptolemy, Girolamo Ruscelli. Giuseppe М. Moletti – ’Ptolemaei Typus‘, Venice (Vincenzo Valgrisi)
Венецијанска земјописна карта на која целиот денешен Балкан е означен како Македонија. Извор: Збирка David Rumsey
1492_Martin Behaim – ’Globe Gores 1 – 4. Martin Behaim’s Erdapfel‘, London
Македонија означена со грб како земја со државна (или монархистичка) традиција. Нема обележување за Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1836_Henry S. Tanner – ’Turkey in Europe.‘, Philadelphia
Американска обоена земјописна карта. Македонија како самостоен земјописен поим. Истото наведено и во описот на картата. Македонија делумно се поклопува со Румелија. Грција сосема на југ. Извор: Збирка David Rumsey