Category: А6.2 Само слика
Докази за македонската самобитност од РАЗНИ ГРЧКИ ИЗВОРИ со оригинална слика, но без посока за времето или изворот на документот.
1988_Хеленска Република и СР Македонија, дипломатски дописи
Додека Република Македонија е во состав на југословенската федерација, Грција со текот на времето, сѐ повеќе се помирувала со името Македонија. Така во грчките службени дописи на дипломатско ниво, од 80тите години на минатиот век, може да се види, слободна употреба на званичното име – Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА. Посочила: DragonGirl
1925_Грчки весник
ОЛЕСНУВАЊА ЗА МАЛЦИНСТВАТА ПРИМЕНА НА УСЛОВИТЕ ШТО ПРАВИ ГРЦИЈА АТИНА – Владата продолжува да ја применува програмата околу образованието на малцинствата воведувајќи ja во сите училишта на малцинските славофони од Македонославјански јазик. Обучувањата, предавањата на овој јазик ќе започне под (од) предавања, образование и обучување на тукашните – домородни предавачи по основ на одредбите за условите на малцинствата. Посочил: SamuGun
1900~_Грчки војник во албанска носија
Новинарски напис кој зборува за албанското потекло на она кое денес се смета за грчка носија.
1969_Грчки учебник по Земјопис
Пред повампирувањето на грчкиот експанзионизам, кој се појави со создавањето на независна Македонија и согледувајќи ја нејзината слабост, претходно во социјалистичкиот југословенски период постоеше време на благо грчко помирување со стварноста за постоење македонската државност. Од таму се наидува на разни званични документи од тоа време, каде вардарскиот дел е обележан како Македонија.
1300+_Никифор Григора – Солун, најзначајниот град на Македонците
Солун првиот (т.е. најзначајниот) град на Македонците!