Category: А9.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СТРАНСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1914.08.16_The Atlanta Constitution, Georgia, p27
Се спомнува замислата за создавање на Балканска федерација од народите кои се во рамките на Турција под европска заштита слична како таа што е дадена на Швајцарија. „… Голема штета е дека Србите, Бугарите, Македонците и Грците не поседуваат морална и интелектуална моќ да видат дека таква федерација ќе им овозможи и нивна безбедност и безбедноста на Европа. …“ …
1903.09.21_The San Francisco Call
„… Наместо тоа тој (Султанот н.з.) ќе предложи мешани комисии, составени од Турци, МАКЕДОНЦИ, Бугари, Грци и Власи да ги администрираат провинциите …“ Посочила: DragonGirl
1938.10.14_Las Vegas Optic, New Mexico, p46
Извадок: „… Биле преземени мерки очигледно главно против одметничкото ВМРО, организација на МАКЕДОНЦИ екстремисти кои сакаат автономна држава вклучувајќи 2 милиони МАКЕДОНЦИ кои сега живеат во Бугарија, Југославија и Грција. …“ Посочила: DragonGirl
1908.04.21_The Washington Post, p27
Телеграма во име на 10 000 МАКЕДОНЦИ била испратена до Претседателот (Теодор н.з.) Рузвелт барајќи од него да застане во полза на Македонската автономија и заблагодарувајќи му се за проширеното гостопримството за Македонците. Посочила: DragonGirl
1897.04.23_The Brooklyn Daily Eagle – Trouble in the rear, p6
„… Секој пријател на Грција ќе се надева дека не само Бугарите туку и Македонците и Албанците исто така ќе бараат наплата за нивните поплаки и ќе се закануваат да ги мобилизираат своите трупи сѐ додека султанот не се согласи со нивните желби. Пријателите на Грција нема да жалат ако султанот одбие да го направи она кое Бугарите и…
1913.02.10_Winnipeg Free Press
„… Допис до весникот од Константинопол известува дека нагодувањата за прогонот на Енвер Бег исто така ќе доведат и водат до предизвикување апсења на Грци, Бугари и Македонци кои најверојатно ќе бидат испратени надвор од земјата. …“
1908.12.31_The Winchester News
„… Со Грците, Русите, Србите, Бугарите и Македонците кои сите припаѓаат на Грчката Соборна црква Нова Година е една од најпријатните ако не и најпријатна прослава во годината. …“
1925.04.29_Chillicothe Constitution, p40880, Missouri
„… Македонците продолжуваат со нивната политика да ги провоцираат прво Србите, потоа Бугарите со надеж дека еден ден додека тие двајца се расправаат Македонија ќе избега со посакуваната коска на независност …“ Посочила: DragonGirl
1890.06.20_The Omaha Daily Bee
Во весникот се зборува за затворениците по турските затвори. Христијанските затвореници биле составени од „… Грци, Бугари и Македонци. …“. Посочила: DragonGirl
1911.12.22_The New York Times – Anarchy in Macedonia
„… АНАРХИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. Христијаните, се станати очајни, организираат банди за убивање на Турци. Лондон, Петок, Сне. 22.-Допис од Солун, до новинската служба овде известува за услови на анархија низ цела Македонија. Убиство, грабеж и четништво широко раширени. Патувањето низ подрачја од земјата се безбедени само за големи и вооружени групи. Дваесет и седум атентати се случија во текот на…
1903.08.23_The New York Times – Assasinated agent
„… Македонскиот Комитет го убил Гарабет Мардоросиан поради одбивање да се покори на наредбите. …“ Македонскиот Комитет се смета за одговорен за убиството на Ерменецот Гарабет Мардоросиан кој од откриените документи бил утврден како човек на Комитетот во градот Калафат – Романија и кој служел за пренос на оружје во Бугарија. За изведување на атентатот како казна за неизвршените наредби…
1903.08.11_The New York Times – Macedonia and civilization
Во писмо до редакцијата на весникот некој Харолд Берман, зборува за бунтовите во Кина и во Македонија, како нови крстоносни војни. При тоа повеќе пати ги споменува Македонците, зборува за македонската борба за ослободување, како дел од тие игри на големите сили. „…MACEDONIA AND CIVILIZATION. To the Editor of The New York Times: । Those who flatter themselves that…
1903.08.10_The New York Times – In Macedonia
Објаснувајќи ја дипломатската состојба за време на Илинденското Востание весникот на едно место пишува: „Во целост е јасно дека оние кои себе си се нарекуваат Македонци – потомци на дегенерирани словенски племиња и скитници придружници на христијанските крстоносци – се вредни за наклонетост. “ „… IN MACEDONIA. New life appears suddenly to have been imparted to the insurrection in…
1912.11.03_La Lectura Dominical, Madrid
Прва Балканска војна „… здружени сили на Грци, Албанци, Романци, Срби, Бугари и Македонци се трупаат на границите со Турција. …“ Посочил: Види Види
1927.08.09_El Libera – Sangrienta colision entre macedonios y servios, Madrid
Шпански весник во краток член насловен „Крвава пресметка меѓу Македонци и Срби“ известува дека во Валандово дошло до судир меѓу Македонци со српската жандармерија. Посочил: Види Види