1808.09.07_The Times, London
Едно од најстарите весникарски известувања каде што се споменуваат Македонците и тоа како посебен народ. Исечекот известува за воените судири на Балканот. Покрај известувањата за текот на српското востание преводено од Црни Ѓорѓе, споменува судир меѓу Мухтар Паша кој се кренал против својот татко Али Паша – Паша на Албанија. Македонците застанале на страната на синот, додека Албанците на страна…
1916.05.04_The Lethbridge Herald, p33, Alberta
Веста известува дека во тоа време бугарската војска значително пораснала со присилно мобилизирање на „Турци, МАКЕДОНЦИ, Грци, Евреи и Романци и Срби“. Посочила: DragonGirl
1915.02.23_The Edwardsville Intelligencer, p9, Illinois
Македонците во древноста се сметани како посебен народ, наведен одвоено од Хелените. Посочила: DragonGirl
1922.12.03_San Antonio Express, p24, Texas
Македонците по кој знае кој пат наведени дека не се Грци. Статијата посветена на цивилизацијата на некогашна Асирија подоцна владеена од Персијци, Македонци, Грци, Римјани, Партијци и Арапи. Посочила: DragonGirl
1914.07.16_Richfield Reaper – Mark Spots Where Heroes Fell
Новинарската статија јасно назначува за поразувањето и поробувањето на Грција од страна на Македонците како негрчки народ. Посочила: DragonGirl
1934.06.26_Reno Evening Gazette, p5, Reno Nevada
Култот на Александар Во новинарската статија за време на подемот на фашизмот во Европа, се зборува како налик на Мусолиниевото повикување за обнова на Римската слава, Хитлеровото на Тевтонците, така и во Грција постоел обид за поврзување и обнова на славата на Александар Велики и старата древномакедонска историја. Сепак се наведува дека древните Грци тешко дека Александар би го признале…
1941.01.10_Kane County Standard
Во статијата која зборува за стопанството низ историјата, Македонците се наведени како посебен народ, меѓу многу други, кој во одредено време од историјата владеел со Египет – Асирци, Негрос (црнци ?), Семити, Сиријци, Персијци, Македонци, Грци, Римјани, Арапи, Турци, Французи и најпосле Англичани. Посочила: DragonGirl
1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9
Македонија бара Автономија Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија. Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни…
1930.05.26_Charleston Daily Mail, p6, West Virginia, Mond
Александровите генерали во желбата да станат деспоти на Азија, неуспешно го подражавале човекот кој ги водел неговите Македонци и ги освоил Грците. Посочила: DragonGirl
1905.09.14_The San Francisco Call
Бил откриен заговор за убивање на српскиот крал Петар и бугарскиот принц Фердинанд со цел големите сили да бидат принудени да се вмешаат со надеж за објавување на Македонска автомонија. Во истата вест се додава дека обидот за атентат на турскиот Султан во двор од џамија во Константинопол било дело на истата организација. Посочила: DragonGirl
1903.02.24_The San Francisco Call
„… Македонците и Бугарите се покажуваат решени да стават крај на тајната дипломатија и да иссилат отворено признавање на нивните барања. … Тој (Султанот н.з.) ги збриша Грците многу лесно и верува дека може да ги збрише Бугарите и Македонците со подеднаква леснотија …“ И по кој знае кој пат наведени Бугари, Грци како народи и одвоени од нив Македонците…
1913.08.19_The Fort Wayne News, p2, Indiana
„… МАКЕДОНЦИТЕ ПОКАЖУВААТ РОДОЉУБИЕ ЗА ЗЕМЈАТА … Со оглед на тоа што, крајот на Балканско-Турската војна не донесе слобода за Македонија, туку широка поделба на нашата земја и народ помеѓу Србија и Грција и нашата нација присилена на подреденост на српско и грчко владеење, владеење многу потиранско отколку турското владеење. … Со оглед на тоа што српската и грчката Влада…
1920_H. G. Wells – ‘The Outline of History’, p489, Garden City, New York
„… За оваа Источна или Византиска империја главно се зборува дека била продолжение на Римската Империја. Но многу повеќе таа била преродба на Александровота империја …“. Наведено од 2000_Симе Пандовски – ‘Македонија, праисторија империја и денес’, Битола, с178
1934.01.17_New York Times – Macedonian leader seeks conciliation, p15
Македонскиот лидер бара помирување Софија, 16 коложег – Иван Михајлов, лидер на македонската револуционерна организација издаде вечерва прокламација, која се сфаќа важно како доказ за намалување на тензиите кои постојат меѓу Бугарија и нејзините соседи. Михајлов, горчлив непријател на Југославија и Грција, може да биде задоволен бидејќи е направено одредено настојување неодамна од Белград и Атина за да дојде до…