-0400~ – -0323~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Imperia Persarum et Macedonum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Во карта за древните Персиско и Македонско Царство, Македонија е прикажана надвор од Хеленскиот простор. Извор: Збирка David Rumsey
-0300 – 0000 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum altero p. Chr. saeculo antiquis notus’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта на Heinrich Kiepert за расната распространетост во древноста. На картата областа Македонија е одвоена од областа Грција (Ахаја). Извор: Збирка David Rumsey
1877_Heinrich Kiepert – ‘Türkischen Reiches’
Карта за Турското Царство која Македонија ја става под Rumili одвоено од Бугарија, Србија, Грција… Тогашната Грција е претставена како Rumelia. Rumili и Rumelia и двата израза произлегуваат од таму што Турците, Ромејското Царство (денес познато како Византија) го нарекувале Румелија. Така што овие делови се делови на некогашна Румелија (Византија). Извор: Збирка David Rumsey
2017_Eupedia – ‘Southeast Europe regional DNA’
Eupedia меѓу другото со проект за генетски истражувања претпоставува дека целиот простор на Република Македонија има еден ист превладувачки генетски состав, заземајќи и делови од јужен Космет. Во Грција, македонскиот дел има издвоен генетски состав. Извор: eupedia.com
-0148_The ethnological map of Macedonia
„… После смртта на Александар, источната граница на македонската држава се повлекла до Нестос. На север, сепак, кралството досегало до Скопје, после што била територијата на Дарданците … Од поданиците на Филип не повеќе од 250 000 биле од грчки или македонски соj. Останатите биле, Тракијци, Пеонци, Илири и Боти … Вилијам Смитов Речник на грчкиот и римскиот земјопис: Македонија…
1877_Heinrich Kiepert – ‘Greece with the Islands and Shores of the Aegean Sea. Troy’, Berlin (Dietrich Reimer)
Жолтите рабови се деловите каде што живееле Грци. Според картата Грците ги има на македонскиот брег, но не и во внатрешноста на Македонија. Извор: Збирка David Rumsey
0000 « 1888_American Bible Society – Missionary Journeys and last voyage of apostle Paul
Земјописна карта на Американско Библиско Друштво – Македонија на север, ја вклучува и Тесалија, Грција сосема на југ!
2015+_Eupedia – ‘DNA map by y-dna’
Извор: eupedia.com
1738_Osmanlı Avrupası Haritası – ‘Map of the Ottoman Empire in Europe’
На ниту една земјописна карта земјописниот поим Македонија не е подреден на поимите Бугарија, Србија и Албанија. На оваа карта Грција не е ниту наведена.