Category: А08 Светска документација
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од разна светска документација.
1985.02.20_Australian Security Intelligence Organization – Macedonian community
Документот на австралиското разузнавање зборува за писмо испратено од организацијата „Македонија само на Македонците“ кое стигнало до грчкиот конзулат во Австралија со претпоставка и до други претставништва со закани кон сите кои вршат насилство врз македонскиот народ.
1947-1949 « 1994.05_Frank J. Abbot – ‘The Greek Civil War…’, Fort Leavenworth – Kansas, USA
Во текот на граѓанската војна меѓу грчките левичари вклучувајќи го и раководството постоела раздвоеност околу решителноста за признавањето на македонската нација. Оставени само на себе, неизбежен бил поразот на македонско-грчките демократски сили соочени со силна британско-американска дипломатска и воена помош на грчките монархо-фашисти. The Greek Civil War, 1947-1949: Lessons for the Operational Artist In Foreign Internal Defense – A Monograph…
1947.11.22_Советско Министерство на народното просвещение
„… Самуиловата држава не била западно бугарска држава, туку била држава на Македонските Словени …“
1915-1918 « 1922_Edmond Bouchié de Belle – ‘La Macédoine Et Les Macédoniens’, Paris
„… Тоа е „оспорувана раса“ која себеси не се поистоветува ниту со Бугарите, ниту со Србите. Македонскиот проблем не постои ниту од денес, ниту од вчера. Македонија и Македонците зад себе имаат долго минато, но тие нема да престанат да ја загрижуваат Европа. …“ Едмон Бушје Де Бел Прашањето за односот Македонија-Европа де Бел го поставува преку две глобални категории:…
1914_Albrecht Wirth – ‘The Balkans. Its Countries and Peoples in History, Culture, Politics, Economics and World Transport’
Изворно има две главни гранки на јужнословенски народи, Србите и Словенците, потоа пред сѐ Македонците можат да бидат сметани како сопствена гранка. Како мешавина на Словенски и Аварски племиња создадени се Бугарите. Originally there are two big branches of the south Slavic people, Serbians and Slovenians, then at most the Macedonians could be seen as a own branch. Through a…
1946_Министерства Просвещтения РСФСР – ‘Географијя в школе’, Москва
„… Македонија била ослободена од турското ропство во 1912-13 г. но нејзината територија била разделена меѓу Србија, Грција и Бугарија… …изворните жители на Македонија не се Срби, не се Бугари и најпосле не се Грци, туку самостоен словенски народ – Македонци …“
1951.05.06_ЦИА Извештај
Во 1951 година бугарската држава ги раселувала Македонците од Пиринските градови низ цела Бугарија што предизвикало бунтови кај македонското население. Извор
1950.02.17_ЦИА извештај
ЦИА извештај: Македонските граѓани не биле заинтересирани за комунизмот туку за обединување на трите дела и потоа поврзување во Балканска федерација. Извор
1953.04.20_ЦИА извештај
Извор Посочил: еМагазин
1953_ЦИА извештај
Во американските разузнавачки документи постојат и Македонци и македонски народ. Еднаш стекнато национално право и тоа освен Грција и Бугарија признато во цел свет е неповратно стекнато право. Сите поинакви убедувања се противправни, профашистички и краткотрајни. Извор Посочил: еМагазин
1950_ЦИА извештај за Пирин
Документ од 1950 година во кој се тврди дека Бугарија сакајќи да ги привлечи им ветувала на Македонците македонска држава која би била под заштита на Кремљин. Но мнозинството од Македонците во Пирин се наклонети кон Тито и ќе ја одбијат Московската заштита. Пиринските Македонци се посебно чувствителни на мешањето во нивните национални права бидејќи тие не се препознаени како…
1878_UK Foreign Office – ‘Correspondence, etc., respecting the affairs of Turkey, Issues 53-54’, p228-229, London
„… Владиката од Мелник е овде, дојден е како и сите други владици да му изрази почит на новиот Патријарх Јоаким, пред да го напушти Солун на пат за Константинопол. Тој изјавува дека востаниците, коишто себеси се нарекуваат ‘Македонци’ побарале голема сума пари од него за неговите парохијани, и понудиле да му издадат сметкопотврда, велејќи му дека парите ќе му…