Category: А10 Светска картографија
Докази за македонската самобитност од разни светски картографски извори
1561_Claudius Ptolemy, Girolamo Ruscelli. Giuseppe М. Moletti – ’Ptolemaei Typus‘, Venice (Vincenzo Valgrisi)
Венецијанска земјописна карта на која целиот денешен Балкан е означен како Македонија. Извор: Збирка David Rumsey
1492_Martin Behaim – ’Globe Gores 1 – 4. Martin Behaim’s Erdapfel‘, London
Македонија означена со грб како земја со државна (или монархистичка) традиција. Нема обележување за Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1836_Henry S. Tanner – ’Turkey in Europe.‘, Philadelphia
Американска обоена земјописна карта. Македонија како самостоен земјописен поим. Истото наведено и во описот на картата. Македонија делумно се поклопува со Румелија. Грција сосема на југ. Извор: Збирка David Rumsey
1808_Charles Smith – ’Turkey in Europe.‘, London
Почеток на 19 век. Јасна земјописна претстава за Македонија како земја која е одвоена од Грција…, Албанија, Бугарија… Тесалија е гранична територија меѓу Македонија и Грција. Македонија е подпоим на Румелиската управна покраина – санџак. Целата карта И во описот кој може да се види кај изворот. Македонија е наведена како посебна земја. Извор: Збирка David Rumsey
1867_Adolf Stieler, A. Petermann – ’Ost-Europa. Sud-West-Russland & die Turkei. (Southeast Europe).‘, Gotha
Германска земјописна карта, средина на 19 век, Македонија како копнена земја. Крајбрежните делови се претставени дека се населени со грчко население. Извор: Збирка David Rumsey
1688_Vincenzo Coronelli – ’Composite – Robinson Projection, 24 Gores and 2 Calottes, Terrestrial Globe‘, Venezia
Венецијанска земјописна карта. Земја Македонија одвоена од земјите Србија, Бугарија, Далмација, Босна… Грција спомената само како Јонско Грчко Море. Извор: Збирка David Rumsey
1825_Felix Delamarche – ’Turquie D’Europe … 1825‘, Paris (F. Delamarche)
Земете ја во предвид годината и погледнете ги македонските називи на земјописните поими: Серез, Драма, Кавала, Вардар, Градиште, Штип… На картата наместо Македонија ставен е турскиот назив Румелија (ромејска/византиска христијанска земја). Но во легендата стои – Земја: Албанија, Земја: Бугарија, Земја: Грција, Земја: Македонија. Поширок поглед на картата Извор: Збирка David Rumsey
1904_Adolf Stieler, B. Domann, C. Vogel – ’50. Balkan-Halbinsel‘, Gotha (Justus Perthes)
Германска земјописна карта за Балканскиот Полуостров. И во самата легенда e наведено – Земја: Грција, Земја: Македонија, Земја: Албанија и Земја: Бугарија. Извор: Збирка David Rumsey
1913_Esref Mehmed – ‘Makedonia = Macedonia‘, Istanbul (Mekteb-i Harbiye Matbaası)
Турска земјописна карта или приказ од неколку карти за Македонија во древноста. На сите нив Македонија е одвоена од Грција. Извор: Збирка David Rumsey
-0400-+ « 1846_Emma Willard – ’The Temple of Time‘, New York (A.S. Barnes & Co.)
Сликовен приказ на историјата на кој може да се види дека Грција и Македонија се одвоени историски поими. Македонија не спаѓа под Грција. Македонија, Грција и Царството на Кир (Персија) подоцна го сочинуваат Царството на Александар. Целата слика од т.н. Храм на Времето. Извор: Збирка David Rumsey
-0168+ « 1861_Heinrich Kiepert – ‘Tab. X. Imperium Romanum‘, Berlin (Dietrich Reimer)
За време на Римското Царство Македонија се простира од градот Филипи на запад до Јадранско Море. На север до под Скопје, а она кое е необично што на некои карти како што е и оваа Тесалија на југ е ставена во македонски граници. Грција на оваа карта воопшто не е заведена како земјописен поим. Извор: Збирка David Rumsey
1877_Heinrich Kiepert – ’Tab. I. Orbis terrarum antiquis notus – altero p. Chr. n. seculo‘, Berlin (Dietrich Reimer)
Земјописна карта за древноста. Македонија од Егејско до Јадранско Море. Грција на југ. Извор: Збирка David Rumsey
1838_James Wyld, James Wyld – ’Orbis veteribus notus‘, London (James Wyld)
Англиска земјописна карта за древноста. Macedonia на средина меѓу – Moesia на север, Thracia на запад, Gracia на југ, Hadriaticum Mare на запад и Illyricum на северозапад. Извор: Збирка David Rumsey
1873_W. Smith, C. Muller – ’The world as known to ancients‘, London (John Murray)
„Светот каков што бил познат во древноста“ Хелас на југ без Епир и Тесалија и како помал поим од Ахаја. Иако има исцртана граница, според бојата Тесалија е ставена во рамките на Македонија. Македонија на север до Скопје, на запад до Јадранско Море. Извор: Збирка David Rumsey
1838_Raffaele Mancini – Mappamondo costrutto su quello di Gardner‘, Naples (Raffaele Mancini)
Италијанска земјописна карта на која Македонија е во своите граници, но именувана како Румелија (турски назив за византиска/ромејска христијанска земја). Јасно одвоена од Албанија, Бугарија, Грција, Србија. Извор: Збирка David Rumsey