Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 мај 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО – Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.
Тодор Александров го ставил својот Потпис на Маискиот Манифест. Настојувал да не се брза со објавување на “Мајскиот Манифест“, но не го послушале. Манифестот бил побликуван, во првиот број на весникот “Балканска Федерација“ на 15 јули, 1924 год. Отогаш е доснесена одлука за Смртна пресуда на Тодор Александров од страна на бугарските владени кругови! Извршиле силен притисок на Александров и Протогеров веднаш да се одкажат од Манифестот, а тие јавно го прогласиле за ништовен, како избрзано дело на “егзалтирани кумунисти“. Сепак не им било простено особено на Тодор Александров. Веќе бил заведен во црниот список за острел под број „1“. Непосредна наредба за отстранување дал Војводата Алеко Василев Пашата.