Category: А01 Македонска документација

Строго документациски материјали како акти, документи, списи на Македонци и македонски организации.

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока

1927.08.07_Илинденска Организация – Легитимация Иван Тодоров; № 3; Скопие

3. Организација и состав на друштвата. Чл. 5 Друштвата се состојат од членови: дејствувачки, помагачи и почетници. а) Дејствувачки член може да биде секој бивш македонско-одрински револуционер, ако ги споделува целите и средствата на друштвото и се задолжува да се потчинува на решенијата и уставните предуслови на последното. б) Не може да биде член на организацијата лице, кое има спротивни…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока

1934.08.01_MPO towards Hull, Secretary of State – letter

Македонската Политичка Организација се обратила до американскиот државен секретар Хул (Hull), за да го извести за прогоните кои бугарската Влада ги вршела врз Македонците кои живееле во Бугарија. Сѐ со цел да го поништи македонскиот стремеж за независност. За жал оваа непрекината бугарска шовинистичка политика кон Македонците, во голема мера успешно го извршила потиснувањето и претопувањето на Македонците во Бугари….

Posted in А1.2 Само слика

1925.10_Разговор со ВМРО раководител – Македонската организација по смртта на Т. Александров

МАКЕДОНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ПО СМРТТА НА Т. АЛЕКСАНДРОВ (Разговор со еден водач на Организацијата) Една местност во Македонија, почетокот на октомври. Недовербата, која е објаснета поради големите провокации, како и забраната од Бугарското правителство, кое на бегалците им дава најголемо можно гостопримство, но стремејќи се кон мирни договори и ненарушување на спокојството во сопствената земја, забранува секаква агитација и воена подготовка,…

Posted in А1.2 Само слика

1944.09+_Партизански ослободителен леток – Битолчани и битолчанки; Битола

„… БИТОЛЧАНИ И БИТОЛЧАНКИ Изминаја три и пол години от дено, кога го поробија Македонскиот народ, трупите на подивелиот Хитлер и неговите слуги – Бугарските фашистки окупатори. Изминаја три и пол години на економско политичко ропство, на масови убиства, затвори, интервенции, концентрациони логори и најмрачна средновековна инквизиција на Македонскиот и на сите други поробени народи во Европа. Уште една држава…

Posted in А1.1 Слика и посока

1915.04.10_Благодарното Џумајско – Некролог за Јане Сандански

ШТО ПИШУВА ВО ЕДЕН НЕКРОЛОГ ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ: „… Вие, војници за слободата на македонскиот народ… Знаменитиот пирински херој, творецот на Пиринската тајна школа, водачот на бившиот Серски револуционерен округ во царството на султанот Ј А Н Е  С А Н Д А Н С К И не е веќе меѓу живите. Куршумот на предавничката рака, рожба на крадливиот патриотизам,…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока

1924.05_ВМРО – Мајски Манифест

МАНИФЕСТ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Браќа Македонци! Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, р. Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, р. Бистрица и Егејското Море; со пространство од 65.000 квадратни километри, испресечено од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со најразнообразни природни богатства и поволни климатски услови; со своите 2.302.000 разнообразно по…

Posted in А1.1 Слика и посока А14.7 Иселеништво

1922.10.04-14_Конгресот на МПО на САД и Канада – Резолуција

„… Резолуција на Македонските Политички Организации на Соединетите Американски Држави и Канада Делегатите на Македонските Политички Организации на Соединетите Американски Држави и Канада, претставувајќи 45,000 имигранти од секој град и село на Македонија, собрани на Конгрес на 4-ти октомври 1922 година, во градот Форт Вејн, државата Индијана, по сериозни размислувања за сегашните политички, социјални и економски услови во Македонија, РЕШИЈА:…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока А14.7 Иселеништво А24.2 Повици и правни дејства

1930.02.02_МПО до Лигата на народите, писмо

„… хрватскиот и македонскиот народ бараат обновување на нивните независни држави во границите на нивните историски и политички територии, засновано на принципот на самоопределување. …“   2 сечко 1930 Торонто, Онтарио, Канада  До: Г-дин Ерик Драмонд,   Лига на Нациите,   Женева, Швајцарија,   Европа.   Почитуван Господине, Хрватите и Македонците од градот Торонто, Канада, кои се собраа на масовен состанок денес, Ви упатуваат најсрдечни…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока

1922.01.16_Архив на Друштвото на народите, Петар Милев до Ворен Хардинг (Претседател на САД) – писмо

„… Од секој град, село и семејство во Македонија, се слушаат криковите на оваа многу страдална нација кон вас, цивилизираните и христијанските нации, со најискрена молба да се формира посебна независна Македонија во нејзините признати географски граници. …“   Подолго писмо од Македонец пратено до Ворен Хардинг, Претседателот на САД. „… 16. Јануари 1922. ДО НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА Господин ВОРЕН ХАРДИНГ, ПРЕТСЕДАТЕЛ на…

Posted in А1.1 Слика и посока

1933 « 1941_MPO – An American Symposium On The Macedonian Problem

Професорот Артур И. Ендрјус едно време бил Професор по Дипломатија на факултетот од Чарсловиот Универзитет во Прага. Тој испратил писмо пред 12тата годишна МПО Конвенција (оддржана н.з.) Гроздобер 3, 1933, во Детроит, Мичиген „… Македонија денес е Полска од утре. Поделена на три дела, секоја под различен, но секогаш отуѓен владетел, а само на едно парче на Македонците им е…

Posted in _Избор А1.1 Слика и посока А16.1 ДМК Слика посока

1878.11.24_ Освобождения Болгарии от Турецкога ига, ф430, д90, лл. 188-189 – Малешевските главатари до Конзулот во Солун – писмо

„… Гласот за пристигнувањето во Џумаја на вашето Превасходство даде добри надежи и на нас македонците, жители во околијата Малешево кои постојано и најлошо страдаат до ден денешен. … Нашата македонска крв, со која сме решени поради неволја да крвариме уште од пред две илјади години, немилостиво осудена и презрена Македонија, при сегашните европски господарски народи сака да даде крај…

Posted in А1.3 Само посока

1924_Тодор Александров до Стјепан Радич, писмо

Писмо на Тодор Александров до хрватскиот политички водач Стјепан Радич, во врска со објавената статија во „Балканска Федерација“ „Почитуван г. Стјепан Радич, Ја читав Вашата статија во 2-3 број на виенското списание „Федерасион Балканик“ од 15 август 1924 година. Имајки ја единствено предвид вистината и интересите на македонското и хрватско ослободително движење, се решив да Ви го испратам ова писмо,…

Posted in _Избор А1.3 Само посока А18.3 Само посока А25.3 Дела и Настани А5.3 Само посока

1944.12.28_Генерал Терпешев – АСНОМ II; Скопје

„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да нѐ потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“ „…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам…

1859.01.08_Константин Миладинов до Георги Раковски, писмо-01
Posted in А1.3 Само посока

1859.01.08_Константин Миладинов до Георги Раковски – писмо

“… Господине Г. С. Раковски! Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано полуучихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни. Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето вестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови… Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите со македонското наречие… И…

1900~1903_Никола Карев до Гоце Делчев, писмо-01
Posted in А1.2 Само слика

1900~1903_Никола Карев до Гоце Делчев – писмо

Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува. Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот. Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме…