Category: А08 Светска документација
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од разна светска документација.
1934.09.14_US Department of State – division of near eastern affairs; 6
Иако Бугарија и Србија, за потребите на своите шовинистички политики, постојано ги напаѓале Македонците со меѓусебно исклучувачки тврдења – дека се „србизирани Бугари“ или „бугаризирани Срби“ – но сложно соработувале, кога станувало збор за потиснување на веродостојната македонска борба за слобода. ВО ОДНОС НА: МАКЕДОНЦИ. Изјава на г-дин Пуриќ дека Југославија е задоволна со бугарските напори во сузбивањето на македонските…
1925.06.09_Jovan Nastovich – Race Macedonian; Gary, Indiana
Иако сѐ уште со српски завршеток на презимето, Јован Настовиќ од Мешеишта охридско, кога се нашол во можност слободно да се изјасни, во званичниот документ себеси не се произнесол како Србин, Бугарин, „Македонски Словен“ и слично, туку како Македонец. Во званичен американски државен документ (Declaration of Intention), иселеникот Јован Настовиќ јасно и недвосмислено се изјаснил како Македонец по раса (race:…
1930.09.19_Kosta Spaseff George – Macedonian; Detroit Michigen
Коста Спасев Ѓорѓи Раса – МАКЕДОНЕЦ Националност – МАКЕДОНЕЦ Роден сум во Буф, Македонија (денешен Акритас, Флорина) на 4 златец 1894 година Детроит, Мичиген, 19 гроздобер 1930 година Kosta Spaseff George Race – MACEDONIAN Nationality – MACEDONIAN I was born in Bouf, Macedonia (present day Akritas Florinas) on July 4, 1894 Detroit Michigen, 19th September, 1930 Посочил: World Heritage…
2024.10.10_Совет на Европа – Во Бугарија недостасува свест за малцински права
Советодавниот комитет на Советот на Европа за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во своето најново мислење заклучи дека Бугарија не остварила доволен напредок во обезбедувањето пристап до правата на малцинствата. „Како и во претходните циклуси, лицата кои се определуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не…
2025.11.20_EFA – EFA calls Council of Europe to monitor minority rights in Bulgaria
„… Земјата продолжува да одбива да ја признае Македонската заедница и да регистрира која било Македонска организација, кршејќи го Член 11 од Европската конвенција за човекови права. Меѓународни тела како што се Европскиот суд за човекови права и самиот Комитет на министри на Советот на Европа постојано препорачуваат да се преземат потребните мерки. Бугарија, исто така, избегнуваше да ги спроведува…
1951.05.06_CIA Confidential – Bulgarian communists acting against Macedonian Guerrilla
Оваа вест ги потврдува раскажувањата на нашите Македонци во Пиринско, за тамошната македонска герилска борба, веднаш после Втора Светска војна, за спојување со Македонија во Југославија. „… ТЕМА: Политичка – Македонското прашање … Извештај за Бугарските комунисти кои дејствуваат против македонските герилски единици Според бегалците кои избегале од Бугарија, македонскиот проблем повторно се распламти во Бугарија. Македонците од Ќустендил, Петрич,…
1949.06.23_CIA confidential – Yugoslav Pact with Macedonian Independence Movement
Социјалистичкото раководство на Југославија, добро ги знаело крвавите немири помеѓу двете светски војни, поврзани со Македонија. За да не и се повторат истите, веднаш после Втора Светска војна, побрзале да направат договори, давајќи обилни отстапки во тоа време, само да се задоволи и смири македонското прашање. „… ЦИА ИНФОРМАЦИСКИ ИЗВЕШТАЈ Датум Дистр.: 23 ЖЕТВАР 1949 КЛАСИФИКАЦИЈА: КОНТРОЛА – САМО ЗА…
1690.05.31_Австриски цар и унгарски крал Леополд I; Проглас до народите на Балканот
„… Ние, Леополд I, На сите народи, кои зависат од нашето наследно Унгарско кралство и на сите други што ќе го читаат ова или слушнат за него, особено на албанскиот народ (им ја искажуваме) нашата царска и кралевска милост и (им пожелуваме) секое добро. Нека ви биде познато дека Турската војна [се однесува на Австро-турската војна, н.б], на која неправедно…
1939.12.06_U.S. immigration and naturalization service – George Tiloff
Уште еден американски документ за добивање на американски граѓанство од страна на стружанецот Ѓорѓија Тилов, каде иако запишал дека произлегол од [кралство] Југославија, по народна самоопределба, себе си се изјаснил како Македонец. Посочил: Димче
1950.08.22_Soviet-Sponsored Free Macedonia Committee
За време на Информбировската криза (1948-1953) помеѓу Титова Југославија и Сталиновиот социјалистичкиот блок, кај вториве се појавиле повеќе причини за создавање на независна држава Македонија. Самостојна македонска држава, би била разнишување на Титовата политика. Советскиот Сојуз преку социјалистичка Бугарија и самостојна социјалистичка Македонија, би се поврзал со социјалистичка Албанија. Со тоа социјалистичкиот блок би направил, стратешки вреден, средишен пресек на…
1917_US military draft documents
Како што може да се види од овие документи и покрај тоа што во тоа време не постои меѓународно признат македонски народ и држава Македонија, многу Македонци во американските регрутациски документи, народносно се завеле како Македонци по потекло од Македонија. Регистрациски картони за воен повик од 1917 г. во САД. Клучни преводи (по име): 1. Страти Анастасоф: Роден во Блата,…
1908_Indiana University Studies – Nationality in Gary in 1908
Националност! Македонци, Гари, САД 1908 година од вкупно 29. Посочил: Иван Спасов (2025.07.03)
1998_Greek Helsinki Monitor & MRG – ‘Greece Against Its Macedonian Minority The Rainbow Trial’, Athens (pdf)
Книга во која е внесена збирка на податоци и преземени дејства од страна на Грчкиот Хелсиншки Набљудувач (Greek Helsinki Monitor) и Друштвото за Малцински Права – Грција (Minority Rights Group – Greece), поради напади и прекршувања на човековите и граѓанските права на Македонците кои живеат во Грција. Посочил: Вождот
1982_ОOН, 4та Конференција за еднообразност на земјописните поими
На Четвртата Конференција на Обединетите Нации за еднообразност (стандардизација) на земјописните поими во 1982 година, употребата на изразот Македонска Кирилица поминал без приговор од соседите или од било кого. Посочил: Вождот
1986.04_Amnesty International – Macedonians in Bulgaria
5.1 Македонците Резултатите од бугарскиот попис од 1946 година во врска со македонското население никогаш не биле јавно објавени од бугарските власти. Сепак, југословенски извори тврдат дека на тој попис како Македонци се изјасниле 252.908 лица. Пописот од 1956 година забележа 187,789 Македонци, од кои над 95 отсто живееле во Пиринскиот регион каде што сочинуваат 63,8 отсто од населението. Меѓутоа,…





