Ваквите писма напишани со македонски јазик секогаш требало да почнуваат со зборовите: „До големиот емир, султанот Сулејман Хан Величествени, цар на царевите, господар на господарите и цар на сите земји романски и македонски, бугарски, српски и беломорски, и црноморски и анадолски и мисирски и цар вселенски…“.
Во ракописот на Христе Хаџи Константинович од Прилеп има запис во кој се вели: „Сија книга глаголемаја посланиа писа Христе Хаџи Констатинович учител прилепски иже од града Прилепе македоннстем, 1824 год. Февруариј“. Освен ова на последниот лист, во друг запис се вели дека „Сија книга глаголемаја посланија от Илија Димов (Илија Димов е прецртан во поново време и е напишано) Христета син бакал писана у град Прилепе, Македонстем, 1824, месеца марта, ден седми“.
Од записите се гледа дека овој писмовник своерачно го има напишано Христе Хаџи Константинович, учител прилепски, во град Прилеп, Македонија, во 1824 година. Ракописот е најден во Прилеп, а сега се чува во МАНУ под бр. Мс 2.
Славистот Виктор Иванович Григорович при своето „истражувачко“ патување по Македонија во пролетта 1845 година, со цел да собира „материјали пишани со старото писмо на Македонците“, како што вели Димитрија Миладинов во писмото пишувано во Охрид на 25 сечко 1845 година и упатено до Григорович во Москва
Посочил: mkdpress.site (https://mkdpress.site/archives/5112?fbclid=IwAR0QjZ2VOu2KGm0LFrYGuGFqyxvXcW4dL2_SiGlvwi3yfei-k6JHaylUko0)