1902_Сборникъ отъ турскитѣ звѣрства и Македонското Освободително Дѣло, книга II, София

1902_Сборникъ отъ турскитѣ звѣрства и Македонското Освободително Дѣло, книга II, София-01

Тодор Хаџи Тошев, Македонец од Прилеп кој живеел во Бугарија, во снежник 1902 година објавил разговор кој се случил во Пловдив меѓу рускиот вице-конзул, Сергеј Андреевич со Андон Златков Томов или познат како Дончо Војвода:

 

„ – Каде беше досега, г-н Дончо?

– Сум бил и ќе бидам на Пирин Планина, г-н конзуле. Таму се борам и ќе се борам со Турците, сѐ додека не се ослободи Македонија. Да живее Русија! Да живее царот Николај! И Вие да живеете!

– Ами, кој Ве праќа таму?

– Кој нѐ праќа? – Ние сами си одиме. Народот нека е жив, тој нѐ гледа, како своите очи. Ако народот не нѐ сакаше, како ќе можев јас да живеам толку години со моите момчиња? Пирин планина ми е како куќа – дом.

– Ами, зошто не останавте и зимава таму?

– Лани цела зима сум ја минал во Македонија, но сега не ни стигнаа патрони, па дојдовме да купиме. Ама тукушто дојдовме на границата, бугарските војници нѐ фатија и нѐ донесоа тука под стража …Досега Турчин не се доближил до мене, а сега нашите браќа да нѐ пречекаат така студено! …Туку нејсе! И ова ќе се претрпи!

– Ами, од кого баравте да го земете потребното? Кој ви го набавува и кој дава пари за тоа?

– Сам, македонскиот народ, г-н конзуле, си дава пари за пушки и патрони. Доверливи луѓе ги купуваат од Австрија. Еве, и сега ни дојде абер оти од Австрија пристигнале патрони и пушки и ние сме пратени да ги земеме. Ама ’несечени’ Турци нѐ гонат, земјата ни е сиромашна со пари, па одозгора и нѐ интернираат. Зошто? – ’Госпо знаи’… “

Дончо Златков е еден од најпротивречните дејци во македонското револуционерно движење и е меѓу најзлогласните противници на Македонската револуционерна организација (МРО – ТМОРО – ВМРО). Одговорен е за смртта на низа комити и дејци на Внатрешната организација.. А, како и повеќе други врховисти и негови истомисленици, и тој во оваа негова ретка пишана изјава, говори за одделен и засебен народ Македонци. И го кажува тоа на доста чист македонски јазик.

 

Посочил: Macedonia: a True Endless Story …